Ќерпич
Ќерпич[1], керпич[2] или плитар[3] — природен градежен материјал кој се прави од песок, глина и вода, и некој вид на влакнест или органски материјал (стапчиња, слама, животински измет), и потоа се обликува во цигли со помош на рамки и се остава да се суши на сонце. Структурите од ќерпич се извонредно трајни и се едни од најстарите зачувани градби на светот. Во суви и жешки клими, градбите од ќерпич нудат многу погодности поради добрата изолација.
Градбите направени од земја исушена на сонце се вообичаени за Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Америка и во Шпанија (најчесто во стилот мудехар). Ќерпичот се користел од домородните луѓе на Америка (од т.н. култура Пуебло) во југозападните САД, Мезоамерика и во Андскиот регион на Јужна Америка со илјадници години, иако често во селските ѕидови ставале и камења. (Исто така, градбите ги граделе со директно редење на ќерпичот со раце или со кошници, сѐ додека Шпанците не ги запознале со правењето на цигли.) Правењето на цигли од ќерпич во Шпанија се користело веќе од доцнобронзеното и железното време, од осмиот век пр.н.е. Неговата распространетост може да се објасни со едноставноста на неговото производство, како и помалите трошоци.
Најголемата структура изградена од ќерпич е тврдината во Бам, Иран.
Наводи
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |