Андромеда (митологија)

Андромеда — лик од старогрчката митологија. Таа била ќерка на кралот и кралицата на Етиопија - Цефеј и Касиопеја. Бидејќи нејзината мајка го навредила Посејдон, тврдејќи дека е поубава од Нереидите, тој испратил чудовиште кое го нападнал Аргос. Единствено спасение за градот е да се жртвува ќерката на кралот. Од оваа судбина била спасена од страна на Персеј, кој го скаместува чудовиштето Кит, кое дошло да ја земе, и тоа со помош на главата на Медуза Горгона. Потоа таа заминала со него во Аргос. Заедно имале 6 сина и една ќерка: Перс, Алкеј, Нелеј, Местор, Стенел (татко на Евристеј), Електрион (дедо на Херакле) и Горгофона, чие име значи „убиец на Горгона“.

1840 Chasseriau Theodore - Andromeda Chained to the Rock by the Nereids.jpg