Туш (мастило)
Туш[1][2] или „кинеско мастило“ — воден раствор од пигмент. Најчесто се користи во црна боја, и тоа е „изворниот туш“, иако го има и во сите бои. Водоотпорен е, а се прави со мешање на црн јагленов пигмент со разни желатини или лепило.
Тушот прво се користел во Кина, па оттука и името „кинеско мастило“, а според кинеско предание, го измислил кинескиот филозоф во 2697 година пред новата ера.
Во Египет, тушот се користел за пишување хиероглифи на папирусите.
На крајот на 11 век, Еракл, во своето дело, пишува упатства за правење на неколку видови тушеви, вклучително и правење „кинеско мастило“, кое е направено од саѓи, смола или дрво. Во зависност од бојата на дрвото, може да се направат тушеви во боја. Во 1581 година, во Англија започнало првото рачно производство на „кинеско мастило“ - туш. Во Европа, тушот се појавил во поширока употреба дури во 18 век.
Во Кина, Јапонија и Кореја се користи и пресуван туш, кој освен основната црна боја може да биде и во други бои.
Пресованиот туѓ се трие во мал камен сад, и тука пигментот, добиен со стружење со камената подлога, се меша со вода. Густината на тушот ја одредува самиот уметник. Вака подготвениот туш се нанесува на хартија или платно со четка. Во Кина и Јапонија, на овој начин се пишуваат текстови - калиграфија, а се прават и цртежи на хартија и ткаенина. Најдобрата хартија за цртање е рачно изработената оризова хартија, поради нејзината структура и начинот на кој го прима тушот, а кога станува збор за ткаенината, најдобра основа за цртежи со четка е свилата.
Техники за цртање со туш
уредиЦртање со туш е една од техниките на цртање и постојат неколку видови на цртање со туш:
- цртеж со перо
- цртање со дрвце
- цртање со четка
- лавиран туш
Цртежот со перо се изведува со метално перо или птичји пердув (гуска, гавран или лебед). Птичјите пердуви имаат остар и еластичен врв кој е чувствителен на притисокот на раката и поради тоа со лесно допирање на површината или посилно притискање се добиваат линии со различна дебелина и острина. Металните пера — перца, кои ги има со различни дебелини, оставаат остра и јасна трага, поради што и самиот цртеж изгледа јасен, чист и остар со многу контраст и напнатост. Со вкрстени линии, со нивните дебелини, што се постигнува со притискање на перото на основата, и со точки може да се доловат структури и текстури на различни материјали. Металните перца се ставаат во перодршка направена од дрво или метал. Како материјал за цртање најчесто се користи црн туш, потоа туш во боја, мастило и сепија (боја од сипа). Како подлога, потребни се пофини видови мазна хартија за овој вид на цртање.
Цртањето со дрвеце се изведува на сличен начин како со перце, но наместо перо се користат тенки, повеќе или помалку зашилени стапчиња. Линијата на цртежот зависи од видот на дрвото, како и од неговата дебелинат. Многу уметници, бидејќи се способни да го направат токму она што им одговара, го користат овој начин на цртање. И со оваа техника, подлогата за цртање треба да биде пофина мазна хартија, а цртежот се изведува со црн туш, туш во боја, со мастило и со сепија.
Цртањето со четка се прави со нанесување туш, туш во боја или сепија на хартија со четка. Четките се со различни дебелини, а со притискање на четката на основата на која се црта се создаваат меѓутонови, посветли и потемни нијанси. Хартијата за овој вид на цртеж мора да биде хартија која релативно брзо го впива тушот, иако и на мазна хартија може да се добијат различни ефекти поради лизгањето на четката.
Лавиран туш се врши со бришење (миење) со сува четка на нанесениот намаз туш, кој повторно се нанесува по потреба. Начелно, сите видови техники на сликање може да се лавираат.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Markus Steigman/ René Zey- Lexikon der Modernen Kunst Tehniken und Stile Hamburg 2002.