Калвин Харис
Адам Ричард Вајлс (англ. Adam Richard Wiles; роден на 17 јануари 1984 година), професионално познат како Калвин Харис (англ. Calvin Harris) ― шкотски диџеј, музички продуцент, пејач и текстописец. Првиот студиски албум, I Created Disco, го објавил во 2007 година. Неговиот втор албум, Ready for the Weekend (2009), дебитирал на врвот на топ-листата за албуми во Велика Британија; водечкиот сингл од албумот, „I'm Not Alone“, станала прва негова песна која се искачила на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија.
Калвин Харис | |
---|---|
Калвин Харис во 2012 | |
Роден(а) | Адам Ричард Вајлс 17 јануари 1984 Дамфрис, Шкотска |
Занимање |
|
Активен период | 2002–денес |
Сопружник | Вик Хоуп (в. 2023) Музичка кариера |
Жанрови | |
Издавачи | |
Мреж. место | calvinharris.com |
Потпис |
На светската музичка сцена се пробил со песната „We Found Love“ која Калвин Харис ја продуцирал и ја извел со пејачката Ријана. Песната се нашла на врвот на топ-листите во 27 земји и соборила многу светски рекорди.[5][6] Во 2017 година, со неговиот петти студиски албум, Funk Wav Bounces Vol. 1, го променил музичкиот стил и од електро-денс музика се префрлил на фанк.
Калвин Харис станал прв соло-изведувач од Обединетото Кралство кој достигнал повеќе од една милијарда емитувања на Spotify.[7] Добил 23 номинации за Британски музички награди, а во 2019 година ги добил наградите британски продуцент на годината и британски сингл на годината.[8] Во 2013 година добил Греми за најдобро музичко видео,[9] а истата година ја освоил и наградта Ајвор Новело. Шест последователни години (од 2013 до 2018 година) бил на врвот на списокот на „Диџеи со највисока заработка во светот“ објавуван од списанието Форбс, а во 2019 година врвот им го отстапил на Chainsmokers.
Живот и кариера
уредиАдам Ричард Вајлс е роден на 17 јануари 1984 година во Дамфрис.[10] Неговите родители се Англичани кои пред да се преселат во Дамфрис живееле во Оксфорд.[11]
Со електронска музика почнал да се занимава во неговите тинејџерски години и почнал да снима демо-снимки во 1999 година.[12] На 18 години објавил две песни, „Da Bongos“ и „Brighter Days“; на почетокот од 2002 година тие биле издадени како 12-инчни клубски синглови и со нив Харис се преселил од Шкотска во Лондон со надеж дека ќе се пробие на тамошната музичка сцена.[13][14][15] За време на неговиот престој во Лондон објавил само една песна, „Let Me Know“.[14] Поради тешката финансиска состојба, се вратил во Дамфрис и почнал да објавува композиции на неговата страница на Мајспејс.[14][16] Поради популарноста на неговите песни на социјалните медиуми, Марк Џилеспи, кој тукушто основал компанија за менаџмент,[17][18] го убедил Харис да стане прв потписник за компанијата. Џилеспи сѐ уште го застапува Харис.[19]
2006–2008: Почетоци на кариерата
уредиВо 2006 година, откако бил откриен на Myspace, Харис потпишал договори со: Three Six Zero Group (менаџмент), EMI (објавување) и Sony BMG (снимање).[20]
Првиот албум на Харис, I Created Disco, бил објавен во јуни 2007 година. Сите песни од албумот биле напишани, продуцирани и изведени исклучиво од Харис.[21] На албумот му претходеле сингловите „Acceptable in 80s“ и „The Girls“; и двете песни се пласирале во топ-десет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство. За да го промовира I Created Disco, Харис бил на турнеја низ ОК, како поддршка за Faithless и Groove Armada.[22][23]
Истата година, по успехот на албумот, Харис почнал да соработува со австралиската поп-пејачка Кајли Миног.[22] Тој за неа конапишал и продуцирал две песни: „Heart Beat Rock“ и „In My Arms“. Харис, исто така, придонел со песната „Off & On“ за албумот од Рошин Марфи, Overpowered, но таа не била вклучена на албумот. Харис подоцна песната ѝ ја дал на Софи Елис-Бекстор за да ја сними за нејзиниот албум „Make a Scene“ од 2011 година. Харис исто така продуцирал ремикс на вториот сингл „4th of July (Fireworks)“ од албумот на Келис, Flesh Tone. [24]
Во 2008 година, Харис соработувал со раперот Дизи Раскал на неговиот сингл „Dance wiv Me“. Синглот четири недели бил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија и во 2009 година бил номиниран за Брит-награда за „Најдобар британски сингл“ и за Ајвор Новело за „Најдобра современа песна“.[25]
2008–2010: Популарност во Обединетото Кралство
уредиВториот албум на Харис, Ready for the Weekend, бил издаден во август 2009 година и дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство.[26] „I'm Not Alone“, издаден како водечки сингл од албумот во април 2009 година, дебитирал на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Следниот сингл „Ready for the Weekend“ стигнал до трето место,[5] а третиот сингл, „Flashback“, со јорданскиот пејач Ајах Марар стигнал до 18-то место во ОК.[5] На Британските музички награди во 2010 година, Харис бил номиниран за најдобар британски пејач.[27]
На 8 февруари 2010 година, „You Used to Hold Me“ бил издаден како четврти и последен сингл од албумот.[5] Истата година објавил неколку ремикси од: „She Wolf“ од Шакира, „Waking Up in Vegas“ од Кети Пери, „Supernova“ од Мистер Хадсон (со Кање Вест) и „We Are Golden“ од Мика.[28]
2011–2013: Пробив на светската музичка сцена
уредиВо јуни 2011 година Харис во соработка со Келис го издал синглот „Bounce“, прв сингл од неговиот следен албум.[5] „Feel So Close“, втор сингл од албумот, бил издаден во август 2011 година.[5] „Feel So Close“ станала негова прва соло-песна која се пласирала на американската Billboard Hot 100 топ-листа (12-то место).[29]
По турнејата како поддршка на Ријана во Австралија, Харис за неа ги продуцирал песните „We Found Love“ и „Where Have You Been“. Песната „We Found Love“ се нашла на врвот на топ-листите во 27 земји и соборила многу светски рекорди.[5][6] Песната 10 непоследователни недели била на врвот на Billboard Hot 100, била прва песна на Харис на прво место на американската топ-листа и исто така била песна од Ријана која најдолго се задржала на прво место на американската топ-листа и песна која најдолго се задржала на прво место на топ-листата во 2011 година.[30][31] „We Found Love“ подоцна била рангирана на 24-то место на списокот на „Најдобрите 100 песни на сите времиња на Billboard Hot 100“.[32] Во 2013 година, списанието Билборд ја ставил „We Found Love“ на трето место на „Топ-10 денс-поп соработки на сите времиња“.[33]
Харис бил котекстописец и копродуцент на песната „One Life“ од R&B пејачката Мери Џеј Блајџ.[34] Тој, исто така, соработувал со поп-групата Scissor Sisters на песната „Only the Horses“. Го напишал и продуцирал синглот од Шерил Кол, „Call My Name“, водечки сингл од нејзиниот трет албум A Million Lights.[35] Исто така продуцирал ремикс од песната „Spectrum“ од Florence and the Machine под наслов „Spectrum (Say My Name)“. Песната била издадена како петти сингл од албумот (5 јули 2012 година). Станал прв сингл од групата кој се искачил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[36]
Третиот сингл од албумот, „Let's Go“ во соработка со Не-Јо, бил издаден во април 2012 година.[29] Песната била номинирана за „Најдобар денс-запис“ на Греми-наградите во 2013 година. Ги објавил и сингловите: „We'll Be Coming Back“ со раперот Example (јули 2012), „Sweet Nothing“ на кој пее Флоренс Велч од Florence and the Machine (14 октомври 2012).[37]
Неговиот трет студиски албум, 18 Months, бил издаден на 29 октомври 2012 година.[38] Харис станал прв музичар кој имал осум топ-10 синглови од еден студиски албум на британската топ-листа за синглови, соборувајќи го претходно поставениот рекорд од Мајкл Џексон. Во март 2017 година, рекордот бил надминат од Ед Ширан кој имал 10 топ-10 песни од еден албум на британската топ-листа.[39] 18 Months бил номиниран за најдобар денс/електронски албум на 56-тите Греми награди.[40] Харис исто така бил номиниран за најдобар британски машки соло изведувач на Британските музички награди во февруари 2013 година.[41]
Харис бил хаус-диџеј на МТВ видео музичките награди во 2012 година одржани во Лос Анџелес, каде што ја освоил наградата за најдобро електронско видео за „Feel So Close“ и заедно со Ријана ја освоил наградата за „Видео на годината“ за „We Found Love“.[42][43] На доделувањето на наградите Ivor Novello во 2013 година, Харис добил „Ајвор Новело“ награда за „Текстописец на годината“, а Харис тоа го нарекол „мое најголемо достигнување во животот“.[44] Во 2012 година, Харис објаснал зошто не сака повеќе да пее на песните, рекол: „Сакам секоја песна да биде колку што е можно подобра, што обично подразбира дека не треба да пеам на неа“.[45]
2013–Денес: Следни изданија и признанија
уредиСпоред Форбс, Калвин Харис бил диџеј со највисока заработка во 2013 и во 2014 година. Харис го продуцирал синглот „I Will Never Let You Down“ за пејачката Рита Ора. На 18 мај 2014 година, песната дебитирала на првото место на топ листата за синглови во Велика Британија, две недели претходно неговата песна „Summer“ дебитирала на врвот на топ-листата. [46]
Неговиот четврти албум, Motion, бил издаден на 4 ноември 2014 година.[47] На него се наоѓале претходно објавените синглови: „Under Control“, „Summer“, „Blame“ и „Outside“. [5] Уште еден сингл од албумот, „Pray to God“ во соработка со рокгрупата Haim, бил објавен на 11 февруари 2015 година.[48] „Summer“ бил номиниран за „Најдобар британски сингл“ и „Видео на годината од британски изведувач“ на доделувањето на Британските музички награди во 2015 година.[49] На доделувањето на наградите „Британски Гламур“ за 2015 година, одржани на 2 јуни во Лондон, Харис бил прогласен за „Маж на годината“.[50]
На 17 јули 2015 година, Харис и лондонското продукциско трио Disciples го објавиле синглот „How Deep Is Your Love“.[51] Песната се искачила на прво место на ARIA; ова било прв пат Харис да биде на врвот на топ-листата во Австралија.[52] На доделувањето на Британските музички награди во 2016 година, Харис бил номиниран во три категории: најдобар британски машки соло изведувач, „How Deep Is Your Love“ била номинирана за британски сингл на годината и за најдобро британско видео. [53]
На 29 април 2016 година, Харис објавил нов сингл под наслов „This Is What You Came For“, на кој пее Ријана, а котекстописец е Тејлор Свифт.[54] Синглот дебитирал на второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, се искачил на трето место на американскиот Билборд Хот 100 и на врвот на топ-листите во Австралија, Канада и Ирска. На топ-листите во Германија, Нов Зеланд и Швајцарија се пласирала меѓу првите десет.
На 31 март 2017 година Харис објавил песна во соработка со Јанг Таг, Аријана Гранде и Фарел Вилијамс насловена како „Heatstroke“. [55] На 30 јуни 2017 година го издал неговиот петти студиски албум, Funk Wav Bounces Vol. 1. На албумот гостувале: Тревис Скот, Келани, Фјучр, Кети Пери, Биг Шон, Џон Леџенд, Калид, Schoolboy Q, DRAM, Ники Минаж, Лил Јахти, Џеси Рејз, PartyNextDoor и Снуп Дог.[56]
Во 2018 година, Харис ги издал сингловите: „Nuh Ready Nuh Ready“ во соработка со PartyNextDoor,[57] [58] „One Kiss“ со Дуа Липа,[59] „Promises“ со Сем Смит,[60] „I Found You“ во соработка со Бени Бланко. Во 2018 година, Калвин Харис шеста година по ред бил на врвот на списокот од диџеи со највисока заработка на светот според Форбс (2013–2018).[61]
Неговиот следен сингл „Giant“, соработка со англискиот пејач Rag'n'Bone Man, бил објавен во јануари 2019 година.
Во 2020 година, Харис објавил две ЕР-a, Love Regenerator 1 и Love Regenerator 2, под псевдонимот Love Regenerator.[62] [63] Третото EP Love Regenerator 3 било објавено на 13 март 2020 година.
На 28 август 2020 година, Харис ја објавил песната „Over Now“ во соработка со канадскиот пејач The Weeknd.
На 4 јуни 2021 година, Харис ја објавил песната By Your Side“ со Том Гренан.
На 5 август 2022 година, Харис го објавувил неговиот шести албум, Funk Wav Bounces Vol. 2. На албумот меѓу другите гостуваат: Чарли Пут, Холзи и Џастин Тимберлејк. Водечкиот сингл од албумот, „Potion“, соработка со англиската пејачка Дуа Липа и американскиот рапер Јанг Таг, бил објавен на 27 мај 2022 година.
На 10 март 2023 година, Калвин Харис и Ели Гулдинг го издале синглот „Miracle“.[64] Тие заедно ја извеле песната на доделувањето на Британските музички нагарди во 2024 година,[65] на кои Калвин Харис бил номиниран во три категории: Британски поп-изведувач, Песна на годината за „Miracle“ и ја освоил наградата за Британски денс-изведувач.[66]
Музички стил
уредиОткако кон крајот на 2016 година истакнал дека сѐ помалку е заинтересиран за електронска денс-музика, [67] Калвин Харис со неговиот петти студиски албум Funk Wav Bounces Vol. 1 (2017) се префрлил на фанк, а таквиот тренд го продолжил со неговиот шести албум Funk Wav Bounces Vol. 2 од 2022 година.[68][69]
Приходи
уредиКалвин Харис е меѓу диџеите/продуцентите со највисока заработка во светот. Форбс започнал да известува за приходите на Харис во 2013 година и за периодот од мај 2012 до мај 2013 година пресметал дека заработил 46 милиони долари.[70] Во 2014 година, со вкупно 66 милиони долари годишна заработка Харис повторно бил на прво место на листата на диџеи со најголема заработка (втора година по ред).[71] Во 2015 година, Харис заработил 66 милиони долари во претходните 12 месеци.[72] На листата на богаташи објавена од Sunday Times во април 2015 година, Харис се наоѓа на 30-то место на меѓу британските милионери во музиката, со лично богатство од 70 милиони фунти.[73] [74] Во 2018 година заработил 48,5 милиони долари. [75]
Личен живот
уредиОд 2013 до јуни 2014 година, Калвин Харис бил во врска со британската пејачка Рита Ора.[76] [77] Во 2014 година стапил во врска со американската манекенка Арика Волф, откако претходно Волф учествувала во спотот за неговата песна „Blame“; раскинале во 2015 година.[78] Од март 2015 до јуни 2016 година, Харис бил во врска со американската пејачка Тејлор Свифт.[79][80][81] Во 2017 година се смирил со Волф и врската траела до 2022 година.[82] [83] Во јануари 2022 година, Харис почнал да се забавува со британската ТВ-презентерка Вик Хоуп. Тие се венчале на 9 септември 2023 година.[84]
Дискографија
уреди- I Created Disco (2007)
- Ready for the Weekend (2009)
- 18 Months (2012)
- Motion (2014)
- Funk Wav Bounces Vol. 1 (2017)
- Funk Wav Bounces Vol. 2 (2022)
Наводи
уреди- ↑ „Calvin Harris Strikes Three-Year Deal to Keep DJing in Las Vegas“. Billboard. 27 January 2015. Посетено на 25 July 2015.
- ↑ 2,0 2,1 Leatherman, Benjamin (25 April 2013). „Calvin Harris @ Maya Day and Nightclub“. Phoenix New Times. Архивирано од изворникот на 26 October 2014. Посетено на 26 October 2014.
- ↑ Brandle, Lars (22 April 2013). „Calvin Harris Sets Chart Record, Becomes U.K.'s New 'King of Pop'“. Billboard. Посетено на 26 October 2014.
- ↑ Wilson, Jen (5 June 2009). „Calvin Harris Books U.K. Tour“. Billboard. Архивирано од изворникот на 5 September 2015. Посетено на 2 August 2015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 „Calvin Harris“. Official Charts Company. Посетено на 21 February 2015.
- ↑ 6,0 6,1 „Rihanna Calvin Harris – We Found Love“. Music Charts. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ „Calvin Harris's billion streams on Spotify are worth $7 million“. Music Week. 8 September 2015. Посетено на 9 September 2015.
- ↑ „Calvin Harris and the 1975 lead winners at 2019 Brit awards“. The Guardian. 2019-02-20. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ „Calvin Harris“. GRAMMY.com. 2020-11-23. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ Mason, Stewart. „Calvin Harris Biography“. AllMusic. Посетено на 12 October 2015.
- ↑ Douglas Wight (2015).
- ↑ Mason, Stewart. „Calvin Harris“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 23 September 2010. Посетено на 26 October 2009.
- ↑ „From bedroom to Billboard“. The Herald. Glasgow. 29 July 2015.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Празен навод (help)
- ↑ „Calvin Harris: I worked in a fish factory“. Belfast Telegraph. 29 July 2015.
- ↑ "Calvin Harris: fish factory to fame".
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Interview: Calvin Harris“. artistdirect. Архивирано од изворникот на 18 March 2018. Посетено на 11 October 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ronan, Liam (26 March 2007). „Acceptable in the Noughties – Calvin Harris“. Gigwise. Giant Digital. Посетено на 12 June 2007.
- ↑ „Interview: Calvin Harris on software, hardware and hit-making“. MusicRadar. Future. 20 February 2012. Архивирано од изворникот на 17 May 2014. Посетено на 30 July 2014.
- ↑ 22,0 22,1 „Web wonder Calvin wins over Kylie“. BBC News. 19 February 2007. Посетено на 12 March 2007.
- ↑ „Calvin to support Groove Armada on UK Tour“. calvinharris.tv. 19 April 2007. Архивирано од изворникот на 13 January 2009. Посетено на 12 June 2007.
- ↑ „4th of July (The Remixes) – EP by Kelis“. iTunes Store (US). Посетено на 26 October 2014.
- ↑ „Full list of awards and nominees for 2009 Brit Awards“. The Independent. London. 29 July 2015.
- ↑ „Calvin Harris announces new album details“. NME. 12 June 2009.
- ↑ "2010 Brit Awards nominations in full".
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 29,0 29,1 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Bronson, Fred.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „My Life II... The Journey Continues (Act 1) CD“. TheHut.com. 21 November 2011. Архивирано од изворникот на 1 April 2012. Посетено на 28 July 2015.
- ↑ Goodacre, Kate (20 April 2012). „Cheryl Cole new single 'Call My Name' – listen now“. Digital Spy. Посетено на 21 April 2012.
- ↑ „Official Charts Analysis: Newton Faulkner needs just 16k sales to hit No.1“. Music Week. 16 July 2012. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ „Calvin Harris unveils his Florence Welch collaboration 'Sweet Nothing' – listen“. NME. 28 August 2012. Посетено на 12 September 2012.
- ↑ Hanagan, Ellie (14 April 2011). „Interview: Calvin Harris on his new single, Twitter and touring with Rihanna“. Beatportal. Архивирано од изворникот на 17 April 2011. Посетено на 5 November 2011.
- ↑ Myers, Justin (10 March 2017). „The albums that spawned the most Top 10 singles“. Official Charts Company. Посетено на 18 June 2017.
- ↑ "Grammy Awards 2014: Full Nominations List".
- ↑ "Brit Awards 2013 Nominations in full".
- ↑ Downey, Ryan J. (6 September 2012). „VMA DJ Calvin Harris Nabs Moonman For Best EDM Video“. MTV News. Архивирано од изворникот на 9 September 2012. Посетено на 12 September 2012.
- ↑ Vena, Jocelyn (10 September 2012). „Rihanna Credited For Catalyzing Calvin Harris' VMA Breakthrough“. MTV News. Архивирано од изворникот на 12 September 2012. Посетено на 12 September 2012.
- ↑ Masters, Tim (16 May 2013). „Emeli Sande enjoys double win at Ivor Novello awards“. BBC News. Посетено на 24 June 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Rita Ora scores fourth UK Number 1 single with I Will Never Let You Down“. officialcharts.com. 18 May 2014.
- ↑ „Calvin Harris announces new album Motion“. Official Charts Company. 26 September 2014. Посетено на 26 September 2014.
- ↑ „BBC Radio 1 Playlist“. BBC Radio 1. Архивирано од изворникот на 3 February 2015. Посетено на 29 July 2015.
- ↑ Hann, Michael (15 January 2015). „Sam Smith, George Ezra and Ed Sheeran dominate Brits nominations“. The Guardian. Посетено на 29 July 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „How Deep Is Your Love – Single by Calvin Harris & Disciples“. iTunes Store. Посетено на 14 July 2015.
- ↑ „Calvin Harris scores his first ARIA No. 1“. ARIA Charts. 30 August 2015. Архивирано од изворникот на 5 September 2015. Посетено на 30 August 2015.
- ↑ „Brit Awards 2016: The nominations“. BBC News. 14 January 2016. Посетено на 22 January 2016.
- ↑ „@CalvinHarris: APRIL 29 ⚡️ @Rihanna“. Twitter. Архивирано од изворникот на 5 May 2016.
- ↑ „Heatstroke (feat. Young Thug, Pharrell Williams & Ariana Grande) – Single by Calvin Harris“. iTunes Store (US). 31 March 2017. Посетено на 31 March 2017.
- ↑ Gracie, Bianca (9 May 2017). „Calvin Harris Announces New Album 'Funk Wav Bounces Vol. 1': See the Release Date“. Fuse. Посетено на 9 May 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Reilly, Nick (14 August 2018). „Calvin Harris announces new Sam Smith collab 'Promises'“. NME. Посетено на 4 September 2018.
- ↑ „The World's Highest-Paid DJs Of 2018“. Forbes. Посетено на 20 March 2019.
- ↑ „Love Regenerator 1 - EP by Love Regenerator, Calvin Harris on Apple Music“. Архивирано од изворникот на 25 January 2020. Посетено на 14 February 2020.
- ↑ Cameron, John (14 February 2020). „Calvin Harris Drops 2 More Love Regenerator Tracks for Valentine's Day“. Edm.com - the Latest Electronic Dance Music News, Reviews & Artists. Посетено на 15 February 2020.
- ↑ „Coachella 2023: Calvin Harris closes out Day 2 with delayed Ellie Goulding appearance“. The Desert Sun. Посетено на 2023-04-26.
- ↑ „Calvin Harris & Ellie Goulding confirmed to perform at The BRITs 2024“. BRIT Awards (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-02-20. Посетено на 2024-02-20.
- ↑ „BRIT Awards 2024: Calvin Harris named Best Dance Act“. www.femalefirst.co.uk (англиски). Female First. Посетено на 3 March 2024.
- ↑ „Calvin Harris: "Some of the best producers in the world make EDM... Face facts"“. 2 February 2018.
- ↑ „Calvin Harris: Funk Wav Bounces Vol. 1 Review“. Pastemagazine.com. 3 July 2017. Посетено на 20 May 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Greenburg, Zack O'Malley (14 August 2013). „Electronic Cash Kings 2013: The World's Highest-Paid DJs“. Forbes. Посетено на 1 November 2014.
- ↑ Greenburg, Zack O'Malley (19 August 2014). „The World's Highest-Paid DJs: Electronic Cash Kings 2014“. Forbes. Посетено на 1 November 2014.
- ↑ Greenburg, Zack O'Malley (24 August 2015). „The World's Highest-Paid DJs: Electronic Cash Kings 2015“. Forbes. Архивирано од изворникот на 26 August 2015. Посетено на 24 August 2015.
- ↑ „Paul McCartney tops musicians' rich list. Again“. The Guardian. 29 July 2015.
- ↑ „Calvin Harris is the Richest DJ, but Not the Richest Musician“. ESA Records. 29 July 2015. Архивирано од изворникот на 19 October 2017. Посетено на 29 July 2015.
- ↑ „Here's how fast Calvin Harris and Tiësto earn the average salary“. DJMag.com. 2018-06-12. Посетено на 2020-12-02.
- ↑ Duff, Anna (8 May 2013). „Hot new couple?! Cara Delevingne's 'wifey' Rita Ora 'dating' Calvin Harris“. celebsnow.co.uk. Посетено на 6 March 2017.
- ↑ Hill, Nick (7 June 2014). „Calvin Harris And Rita Ora Split Up, DJ Confirms on Twitter“. contactmusic.com. Посетено на 11 July 2014.
- ↑ „Calvin Harris Reunites With Ex-Girlfriend Aarika Wolf for 4th of July Celebration“. Us Magazine. 7 July 2018.
- ↑ Lee, Esther (1 April 2015). „Taylor Swift Is Dating Calvin Harris: Details on Their New Romance“. Us Weekly. Посетено на 24 May 2015.
- ↑ „Taylor Swift and Calvin Harris Split: What Really Went Wrong With Their Relationship“. eonline.com. 1 June 2016.
- ↑ „Taylor Swift Reportedly Didn't Even Notice That Her Ex-Boyfriend Calvin Harris Was at the 2024 Grammys“. ELLE (англиски). 2024-02-05. Посетено на 2024-02-24.
- ↑ „Taylor Swift's Exes: What the Singer's Former Flames Are Doing Now“. Us Weekly. 15 November 2021. Посетено на 10 March 2022.
- ↑ Davison, Tamara (10 March 2022). „Calvin Harris 'splits' from girlfriend Aarika Wolf after distance 'strained' romance“. Evening Standard. Посетено на 10 March 2022.
- ↑ „Calvin Harris and Radio Host Vick Hope Marry at Sprawling Estate Wedding in Northeast England“ (англиски). People.com. September 11, 2023. Посетено на January 19, 2024.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Калвин Харис на Семрежната филмска база на податоци (англиски)