Отвори го главното мени

Почетоци на исламската архитектураУреди

Уште од самиот почеток на владеењето на Турците, во Македонија се граделе разновидни верски и профани објекти, кои служеле за потребите на окупаторите. Градовите добиваааат се повеќе ориентални урбани особености. Се формираат посебни маала за муслиманското население. Се развива чаршијата околу безистените, ановите и амамите со групации дуќани со разновидни занаети кои создаваат урбана агломерација карактеристична за Ориентот: чаршиите во Скопје, Битола, Прилеп, Кратово.

Пик на архитектуратаУреди

Исламската архитектура во Македонија, својот дострел го постигнува во 15 и 16 век, а по својата концепција и обликување влегува во составот на османлиската школа. Таа ги користи влијанијата од византиската и ориенталните архитектури, како и уметничките и градителските традиции на поробениот народ, кои доаѓаат до израз и преку учество на домашни мајстори.

Верски објектиУреди

Од верските објекти изградени се многу џамии, месџиди, теќиња и турбиња. Џамиите имат најчесто квадратна основа и трем, а се покриени со куполи или со дрвена покривна конструкција и преставуваат упростена форма на џамии од турско-османлиската школа. Ѕидани се од камен и тула и се поставени во хоризонтални редови, така што нивните фасади изгледаат живописно. Едноставноста во функционаалното решение кај џамиите естетски е изразена во контрастите на надворешната силуета, која доаѓа до израз во композицијата на тешката кубична маса со купола и високото минаре.

Џамиите ги граделе највисоките турски управувачи - паши и бегови, и заземале значајни позиции, често и доминантни во населбите, додека месџиите биле градени по маалата. Во почетокот Турците постојните христијански цркви ги претворале во џамии, како што е случај со црквата св.Софија и св.Пантелејмон во Охрид, а потоа граделе и нови. Меѓу најстарите џамии изградени во Македонија биле џамијата Хаџи Кам(1420) во Скопје и џамијата Сунгур-чауш (1434) во Битола, и двете урнати. Меѓу зачуваните најважни архитектонски споменици од исламската архитектура во Скопје се: џамијата на султан Мурат Втори, наречена Хункар-џамија, изградена 1436 година, подоцна обновувана; Исак-бегова џамија, наречена Алаџа-џамија (1438); Иса бегова џамија (1475), која со своите две куполи не потсеќа на џамиите во Бруса; Мустафа-пашина џамија (1492г.), со трем обложен во мермер; Јаја-пашина џамија (1506), со богато обработен портал. Потоа, неколку џамии во Битола: Исак-бегова во Битола (1508г.), Хајдар-кадија (1561г.) и Јени-џамија (1558), адптирана во уметничка галерија. Во Тетово е најпозната Шарена џамија од 1495 обновена во 1785г., богато декорирана во внатрешнота и по фасадите.

За потребите на дервишките редови и во Македонија се градат теќиња, меѓу кои најзначајни се Рифал-теќе во Скопје и Арабати-баба теќе во Тетово.

Турбиња - надгробни објекти биле доста често градени по населбите низ Македонија. Во нив биле погребувани позначајни верски и световни личности и обично се наоѓааат во дворовите на џамиите или се поставувани слободно низ населбата, на некоја височинка со доминантна позиција. Сосем малку се зачувани, од останатите значајни се турбето на Мустафа - паша во Скопје, обложено со бел мермер, турбето во дворот на Алаџи-џамија во Скопје, украсено со сини фијансови плочки; потоа, она во Битола, ѕидно декоративно со камен и тула, и турбето во дворот на Шарена џамија во Тетово.

Од исламските гробишта, скоро ништо не е зачувано. Поголеми исламки гробишта биле сместени на ридот Гази-баба во Скопје, со многубројни нишани декорирани со плиткорелјефна пластика. Зачувани се гробни споменици кај Иса-беговата џамија во Скопје, со арапски натписи плитко релјефна декорација, која се вклопува во рококо стилот.

Профана архитектураУреди

Профаната архитектура на османлиите била многу развиена и разновидна по својата функција: биле градени анови, безистени, амами, медреси, саат кули, водоводи, чешми, беговски конаци, фортификации и други објекти. И кај овие објекти биле подигнати чисти функционални и конструктивни решенија со обликувано достигање на посебна архитектонска школа.

Ановите и карван-сараите биле градени како свратилишта што ги примале трговците со своите карвани на ноќевање. Од поголемите анови е зачуван Кушумли-ан во Скопје, обновен во 16 век, потоа Сули-ан и Капан-ан, сите во Скопје.

Безистените служеле како продавница за скапоцена стока и биле добро штитени. Покрај нив, обично во дрвена бондрук-конструкција, биле градени дуќани каде што се развивала трговијата. Зачувани се безистенот во Штип, безистенот во Битола и безистенот во Скопје.

Амамите биле постојан архитектонски инвентар на градовите во Македонија. Изградени се поголеми, двојни или чифте-амами, и помали едноделни амами. Двојните амами имале одвоени групи одделенија за жени и мажи. По својата концепција и начинот на затоплување, амамите се поврзуваат со римските терми: градени се од камен и тула и покриени со куполи. Секој поголем амам ги имал следниве простории: шадрван (гардероба), капалак (за одмор), халвати (за капење), хазна (резервоар за вода) и кулхан (простор за ложење).

Еден од позначајните амами е Даут-пашиниот амам во Скопје, изграден во 1484г., потоа Чифте-амам во Скопје (15век) и амамот наречен Дебој во Битола.

Повеќе чешми и шадравани ги снабдувале со вода населбите во Македонија. За некои била доведувана вода со ситем на водовод, од подалечни места, а биле градени и акведукти, како акведуктот во Скопје. Иако мали по димензии, тие биле мошне сликовито вклопувани во просторот и биле присутни во секое маало - маалски чешми. Шадрваните, пак, најчесто биле градени во дворовите на џамиите и имале определена функција сврзана со верски ритуали.

Значајни акценти во населбите претавувале саат-кулите, градени на нивното средиште или истакната позиција. Сочувани се во Скопје, покрај султан Муратовата, во Битола, Велес, Прилеп и др.

Фортификациона архитектураУреди

Примери од фортификациона архитектура се одржале во помал број, а присутни се и обнови на постојните, како што е на пример тврдината Кале во Скопје. Зачувани се и неколку феудални кули што служеле за живеење и одбрана. Најмногу ги имало во Кратово, како и во Скопје (Феудална кула).

МостовиУреди

Во турскиот период во Македонија била развиена и изградбата на мостови што биле значаен фактор на патиштата за непречено и сигурно движење на карваните. И во градбата на мостовите Турците поаѓаале од туѓи традиции и понекогаш ги обновувале старите мостови, како на пример Камениот мост во Скопје, обновен за време на султанот Мурат Втори, во втората половина на 15 век. Интерес преставуваат и неколкуте мостови на Табачка река во Кратово, особено Радин мост. Еден од најубавите од овој вид објекти бил Горнечкиот мост на реката Радика (денес уништен), со три свода, подигнат во 19 век.

Станбена архитектураУреди

Станбената архитектура претставува значајна компонента во архитектурата од времето на турското владеење во нашата земја. Со оглед на материјалот од која била градена, главно во дрвена бондрук-конструкција, таа главно потекнува од пред крајот на 18 и од 19 век.

Куќите на муслиманите се обично решени со поупростена шема во распоредот на просториите и со застапеност на декорација во ентериерот. Се остојат од два дела, харемлак, каде што живеела фамилијата, и селамлак, за прием на мажи. Најчесто се со правоаголна основа, со приземје и кат. Убави примероци за муслимански куќи се зачувани во Дебар и во Тетово.

Посебен тип претавуваат конаците на богати паши и бегови лоцирани по чифлиците. Меѓу нив се истакнува наелбата на Хавзи-паша во селото Бардовци, покрај Скопје, изградена во рамница, со отворена концепција, со конаци одвоени во посебен комплекс, заштитен со ѕидишта и кули.

ДекорацијаУреди

Во декорирањето на муслиманските објекти во Македонија се присутни плиткорелјефната пластика и обоената декорација. Плиткорелјефната декорација е од ориентално потекло е е застапена во ентериерите на архитектонските објекти и на извесни надворешни делови на зградите, како и во епигр. Михрабите и мемберите во џамиите, порталите и капителите се украсени со плиткорелјефна пластика, често комбинирана со перформации. Орнаментиката е главно геометриска, вегетабилна и во вид на пластично изведени висулци-сталктити, во мермер и во штуко. Плиткорелјефна декорација е застапена и во обработката на надгробните споменици-нишани, со орнаментика од вегетабилен карактер. Кај овие објекти ориенталните традиции понекогаш се помешани со елементи на барок и на рококо.

Посебно внимание и е посветено и на обработката на дрво во резба, што доаѓа до израз во внатрешноста на објектите. Со својата декоративна обработка особено се истакнуваат вратите на џамиите, како и резбата на таваните во објектите на Арабати-баба теќето во Тетово и по муслиманските куќи, особено во Дебар. Орнаментиката е од стилизирани вегетабилни и геометриски мотиви, често боени во разни бои, со што е потенцирана полихромијата во ентериерот.

Боената декорација во форма на стилизирана вегетабилна и геометриска орнаментика-арабески се наоѓа во внатрешноста на џамиите, кај некои стамбени згради, особено кај конаците. Таа е од ориентално потекло, често помешана со рустицизирани елементи на барокот и е во живи бои: сина, зелена, окер и кафеава. Оваа декорација најмногу дојде до израз кај Шарена џамија во Тетово, каде што се насликани сите внатрешни ѕидни површини и фасадите.

Во беговките конаци богатата декорација е особено затапена во просториите за прием. Ѕидовите на одаите се украсени со разнобојни цвеќиња, пејзажи и мртва природа. Кај некои куќи боената декорација се среќава и на фасадите, ообено на венците. Во ентериерите на куќите се истакнуваат и килимите со својата декоративна обработка, како и преслеките на миндерите, кои ја збогатуваат внатрешнота на објектите.

Декорацијата во фајанс е слабо застапена. Ја среќаваме во порталот на Јени-џамија во Битола, во вид на арабеска и на турбето во дворот на Алаџа-џамија во Скопје. Ретко се среќава како украс по фасадите на стамбените згради.

Употребувано е и боено стакло, чија обработка потсеќа на некој вид витраж. Малите стаклени површини, најчесто обоени со сина и пурпурноцрвена боја, се врзуваат со гипсени профили. Понекогаш гипсените профили се толку умешно изведени, што самите преставуваат определен украс, па во такви случаи стаклото и не се бои.

Во градењето и во декорирањето на исламските објекти забележително е учеството на македонските мајстори-градители, копаничари и зографи, особено во 19 век. Групирани во тајфи, тие работеле на градење и декорирање на сакрални и на профани објекти, приспособувајќи се кон вкусот на нарачувачот. Потоа, присутно е и влијанието на традицијата, како и на современите тенденции во уметноста. Познато е, на пример, дека Јени-џамија во Дебар била доизградена и украсена од познатиот градител Мирче Деспотов, од селото Осој, која по него, во народот, го добила името Мирче-џамија. Тој го градел и конакот на Хаки-паша во Тетово и, заедно со мајсторот Алексо Черепнајковски, градел и беговски конаци во Дебар. Шпилскиот мост (денес урнат) е дело на мајсторот Иван од село Луково. И Горенечкиот мост е изграден од домашни мајтори. Резбата во објектите на Арабати-баба теќе е дело на копаничари од Мала Река.

Применета уметностУреди

И применетата уметност во турскиот период во Македонија била мошне развиена. Интензивна е уметничката обработка на металот, која се итакнува со богаство на украсот. Се работело во злато, сребро, бакар и бронѕа, во разни техники. Предметите биле гравирани со орнаментика од исламско потекло, главно со стилизирани вегетабилни мотиви, доста прецизно изведени. Изработувани биле разновидни предмети за домаќинството. Изработувани биле и накит, оружје и разни предмети во филигран. Покрај Турци со овие уметнички занаети - златарски, кујунџиски, се занимаваале и домашни мајтори, што се дознава од потписите на предметите. Најзначајни работилници имало во Кратово, Прилеп, Битола, Скопје, Охрид и Штип.

Развиена била и работата на текстил, ткаење на килими, везење со срма и злато на свила и кадифе. Особено богато декоративно биле обработувани женските градски носии.

Уметнички биле обработувани и одделни предмети за домаќинство во дрво со интарзии во седеф.

Развиени биле и калиграфијата и илуминацијата на ракописи. Некои од нив имале декоративно обработувани наслови. Книгите биле коричени со кожа, исто така декоративно обработена.

И покрај провинцискиот карактер во некои остварувања од овој период, постигнати се и уметнички квалитети, особено во архитектурата, и се редат во значајни споменици на исламската уметност како резултат на суровото петвековно ропство.