Бондрук[1] — ѕидна конструкција направена од видлив скелет од дрвени греди, со исполна од органски материјали или тула. Најзастапени се во традиционалната архитектура. Во Средна и Северна Европа, тие најчесто се наоѓаат во станбени и јавни згради од готскиот период.[2]

Катовите на куќата на Патчеви се изградени со бондрук конструкција
Куќа во Галичник

Во Македонија, и пошироко во подрачјето, претставува начин на традиционална народна градба, каде што при подигање градби се користи дрвена конструкција со ѕидови од керпич или тула.[3]

Претставува преоден период на градба од дрвени куќи во современа градба, каде што во почетокот куќите биле полудрвени куќи, со две соби и подрум под просторијата. Куќите обично имале две спротивни влезни врати.

Начело на бондручната конструкција

уреди
 
Пример за бондручна конструкција со различни видови полнење

Градежниот систем, кај нас попознат како бондрук, е дрвен скелетен систем составен од столбови и греди кои најчесто се ортогонално распоредени и разни греди кои се поставуваат како зацврстувачки и служат за апсорбирање на дејството на хоризонталните сили (земјотрес и ветер) и го пренесуваат на земјата. Поради оваа причина, бондручарите се сметаат за многу отпорни на влијанието на земјотресите. Откако ќе се постави скелетот, полнењето помеѓу столбовите може да се направи на неколку начини:

  • со земја што е измешана со слама и животински измет (за да биде поцврста),
  • со плет од тенки врбови или дренови пратје, што овозможува проток на воздух и значително го зацврстува целиот систем,
  • со обложување со дрвени штици од двете страни и поставување на звучна и топлинска изолација во средината,
  • најтрајното решение е да се изгради тенок ѕид од тули кој може да се користи како фасада или потоа да се малтериса. Оваа тула го обезбедува скелетот, но не го носи вертикалното оптоварување. Понекогаш тој скелет се остава видлив и затоа мора дополнително да се заштити.

Кај бондручарите кои припаѓаат на ориентално-балканскиот вид, ѕидот е малтерисан со кал, а потоа варосан. Таквиот ѕид е отпорен на ефектите од ветерот, дождот и сонцето. Затоа на покривната конструкција се поставува многу широка стреа за да се заштити. Често е широка и до два метри.[4]

Охридски бондручни куќи

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 190. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. „kanatna konstrukcija“. Leksikografski zavod Miroslav Krleža. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2018. Посетено на 28 ноември 2018.
  3. „Градитељство“. Ризница српска. Архивирано од изворникот на 17 април 2017. Посетено на 16 април 2017.
  4. Стари занати (PDF). Димитровград - Трн: Природњачко друштво "натура Балканика". 2010. Посетено на 21 септември 2018.