Глажња (или Глажњанско Езеро) — вештачко езеро на Липковска Река, 17 км од Куманово во северниот дел на Македонија. Името го добило по селото Глажња. Изградено е во 1971 година. Браната е бетонска лачногравитациска. Таа е долга по круната 344 м, широка 4 м, а височината над теренот изнесува 80 м. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м. Најголемата должина на езерото изнесува 3.146 км, а најголемата широчина 700 м. Во овие рамки езерото зафаќа површина од 96,5 ha. Вкупната зафатнина изнесува 26 км3, од која 1,97 км2 претставува мртов простор, а преостанатите 24 км3 корисна зафатнина. Водата се користи за водоснабдување, наводнување, за добивање електрична енергија и за други потреби[1]. Браната ја проектирал хрватскиот Србин Никола Хајдин[2].

Глажња
Карта
Координати42°11′59″N 21°32′31″E / 42.1997° СГШ; 21.5419° ИГД / 42.1997; 21.5419
Видвештачко
Сливни земји Македонија
Најг. должина3,14 км
Најг. ширина0,7 км
Површина&100000000000000009650000,965 км2
Зафатнина26 км3
Надм. височина588 м

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002
  2. „Никола Хајдин“. САНУ. Посетено на 19 март 2010. (српски)