Јан Ингемар Стенмарк (шведски: Jan Ingemar Stenmark) - поранешен шведски алпски скијач. Се смета за еден од најдобрите шведски спортисти на сите времиња[1] како и најдобар светски слаломаш и велеслаломаш на сите времиња.

Ингемар Стенмарк
Стенмарк во 2011
Лични податоци
Полно имеЈан Ингемар Стенмарк
Роден(а)18 март 1956(1956-03-18)(68 г.)
Јоеше, Шведска
Висина&100000000000001810000001,81 м
Тежина75 kg (165 lb)
Спорт
Земја Шведска
СпортАлпско скијање
Повлечен(а)март 1989 (на 32 години)
Ingemar Stenmark (1979)

Стенмарк е роден во Јоеше во покраината Лапонија во Шведска на 18 март 1956 година. Почнал да скија како петгодишно дете, а првпат победил на национален натпревар кога имал осум години.

Рекорди

уреди

Стенмарк е рекордер по бројот на победи во Светскиот куп, победил на 86 натпревари, додека следниот на ранг листата е Херман Маер со 54 победи. Сите победи ги остварил во слалом и велеслалом. Ретко се натпреварувал во спуст и комбинација, а супервелеслалом се појавил кога тој бил на крајот на својата кариера.

На Олимписките игри во Сараево не можел да учествува бидејќи имал статус на професионалец, па со самото тоа не ги бранел златните одличја освоени во 1980 година во Лејк Плесид. Четири години подоцна му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Калгари.

Останато

уреди

Во периодот од 1976 до 1978 година, кога бил победник на Светскиот куп, заедно со тенисерот Бјорн Борг станал национална икона во Шведска. Тоа не се променило ни со неговата преселба во Монако заради пониските даночни стапки. Го преживеал земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година за време на престојот во Тајланд.

Освоени кристални глобуси

уреди
Сезона Дисциплина
1975 Велеслалом
1975 Слалом
1976 Вкупно
1976 Велеслалом
1976 Слалом
1977 Вкупно
1977 Велеслалом
1977 Слалом
1978 Вкупно
1978 Велеслалом
1978 Слалом
1979 Велеслалом
1979 Слалом
1980 Велеслалом
1980 Слалом
1981 Велеслалом
1981 Слалом
1983 Слалом
1984 Велеслалом

Победи во Светскиот куп

уреди
Датум Место Дисциплина
17 декември 1974   Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
12 јануари 1975   Венген, Швајцарија Слалом
23 февруари 1975   Наеба, Јапонија Велеслалом
2 март 1975   Гарибалди, Канада Велеслалом
13 март 1975   Сан Вели, САД Велеслалом
15 декември 1975   Штерцинг, Италија Слалом
11 јануари 1976   Венген, Швајцарија Слалом
24 јануари 1976   Кицбиел, Австрија Слалом
27 јануари 1976   Цвизел, Германија Велеслалом
7 март 1976   Копер Маунтин, САД Слалом
14 март 1976   Аспен, САД Слалом
3 јануари 1977   Лакс, Швајцарија Слалом
10 јануари 1977   Берхтесгаден, Германија Слалом
16 јануари 1977   Кицбиел, Австрија Слалом
23 јануари 1977   Венген, Швајцарија Слалом
6 февруари 1977   Санкт Антон, Австрија Слалом
6 март 1977   Сан Вели, САД Велеслалом
18 март 1977   Вос, Норвешка Слалом
20 март 1977   Оре, Шведска Слалом
21 март 1977   Оре, Шведска Велеслалом
25 март 1977   Сиера Невада, Шпанија Велеслалом
10 декември 1977   Вал д'Изер, Франција Велеслалом
13 декември 1977   Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
14 декември 1977   Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
5 јануари 1978   Оберштауфен, Германија Слалом
8 јануари 1978   Цвизел, Германија Велеслалом
9 јануари 1978   Цвизел, Швајцарија Слалом
18 март 1978   Ароза, Швајцарија Велеслалом
9 декември 1978   Шладминг. Австрија Велеслалом
21 декември 1978   Крањска Гора, СФРЈ Слалом
22 декември 1978   Крањска Гора, СФРЈ Велеслалом
7 јануари 1979   Куршевел, Франција Велеслалом
16 јануари 1979   Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
23 јануари 1979   Штајнах, Австрија Велеслалом
4 февруари 1979   Јасна, Чехословачка Велеслалом
10 февруари 1979   Оре, Шведска Велеслалом
11 февруари 1979   Оре, Шведска Слалом
4 март 1979   Лејк Плесид, САД Велеслалом
12 март 1979   Хевенли Вели, САД Велеслалом
17 март 1979   Фурано, Јапонија Слалом
19 март 1979   Фурано, Јапонија Слалом
8 декември 1979   Вал д'Изер, Франција Велеслалом
11 декември 1979   Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
12 декември 1979   Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
21 јануари 1980   Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
27 јануари 1980   Шамони, Франција Слалом
27 февруари 1980   Вотервил Вели, САД Слалом
1 март 1980   Мон Сент Ан, Канада Велеслалом
10 март 1980   Кортина д'Ампецо, Италија Слалом
11 март 1980   Кортина д'Ампецо, Италија Велеслалом
13 март 1980   Салбах-Хинтерглем, Австрија Велеслалом
15 март 1980   Салбах-Хинтерглем, Австрија Слалом
9 декември 1980   Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
10 декември 1980   Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
6 јануари 1981   Морзин, Франција Велеслалом
18 јануари 1981   Кицбиел, Австрија Слалом
26 јануари 1981   Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
1 февруари 1981   Санкт Антон, Австрија Слалом
2 февруари 1981   Шладминг, Австрија Велеслалом
8 февруари 1981   Осло, Норвешка Слалом
11 февруари 1981   Вос, Норвешка Велеслалом
14 февруари 1981   Оре, Шведска Велеслалом
9 јануари 1982   Морзин, Франција Велеслалом
12 јануари 1982   Бад Висе, Германија Слалом
17 јануари 1982   Кицбиел, Австрија Слалом
19 јануари 1982   Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
9 февруари 1982   Кирхберг, Австрија Велеслалом
14 декември 1982   Курмајор, Италија Слалом
23 јануари 1983   Кицбиел, Австрија Слалом
11 февруари 1983   Мархштајн, Франција Слалом
13 февруари 1983   Тотнау, Германија Велеслалом
26 февруари 1983   Јеливаре, Шведска Велеслалом
13 децембар 1983   Курмајор, Италија Слалом
20 децембар 1983   Мадона ди Кампиљо Слалом
10 јануари 1984   Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
17 јануари 1984   Парпан, Швајцарија Слалом
23 јануари 1984   Кирхберг, Австрија Велеслалом
4 февруари 1984   Боровец, Бугарија Велеслалом
7 март 1984.   Вејл, САД Велеслалом
15 декември 1985   Алта Бадија, Италија Велеслалом
25 јануари 1986   Санкт Антон, Австрија Слалом
27 февруари 1986   Хемседал, Норвешка Велеслалом
18 март 1986   Лејк Плесид, САД Велеслалом
29 новембар 1986   Сестриере, Италија Слалом
14 февруари 1987   Мархштајн, Франција Слалом
19 февруари 1989   Аспен, САД Велеслалом

Наводи

уреди
  1. Farber, Michael (18 February 1980). „Ingemar Stenmark seeks fast way down - and out“. Montreal Gazette. стр. 18.

Надворешни врски

уреди