Отвори го главното мени
VII Зимски олимписки игри - Кортина д'Ампецо 1956
VII Зимски олимписки игри - Кортина д'Ампецо 1956
Град домаќин Кортина д'Ампецо, Италија
Број на држави 32
Број на спортисти 821 (687 мажи и 134 жени)[1]
Број на спортови 4
Број на натпревари 24
Отворање 26 јануари 1956
Затворање 5 февруари 1956
Стадион

VII Зимски олимписки игри се одржале од 26 јануари до 5 февруари 1956 година во Кортина д'Ампецо, Италија. Останати кандидати за отганизација на игрите биле Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Плесид.

Ова биле првите Зимски олимписки игри на кои учествувал Советскиот Сојуз, освојувајќи најголем број на златни и вкупно медали. Оваа доминација на СССР продолжила на речиси сите Зимски олимписки игри, сè до распадот на државата.

Зимските олимписки игри во Кортина д'Ампецо биле првите кои можеле да следат преку директен телевизиски пренос, но последни на кои натпреварите во уметничко лизгање се одржале на отворено.[1]

Избор на град-домаќинУреди

Грофот Алберто Бонакоса и неговата сопруга Марија вложиле напори да овозможат Зимските олимписки игри да се организираат во Кортина д'Ампецо. Бонакоса, кој бил член на МОК од 1925 година, бил успешен алпски скијач, а заедно со својата сопруга имал афинитети и кон уметничкото лизгање.[2] Тој успеал да ги убеди членовите на советот на Кортина да го предложат градот како оможен град-домаќин на Зимските олимписки игри 1944. На 38. седница на МОК, која се одржала во Лондон во 1939 година, било одлучено Зимските олимписки игри во 1944 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Сепак, поради избувнувањето на Втората светска војна, игрите не можеле да се организираат, а веднаш по завршувањето на војната, грофот Бонакоса побарал од МОК во Кортина да се одржат Зимските олимписки игри во 1952 година. Така, градот бил кандидат за организација на овие игри, но во гласањето најмногу гласови добил градот Осло. Италијанската олимписка делегација, предводена од грофот Бонакоса продолжила со настојувањето игрите да се организираат во Кортина, па така градот бил кандидат за град-домаќин и на игрите во 1956 година. На 43. седница на МОК во Рим на 29 април 1949,[3] покрај Кортина во конкуренција биле и градовите Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Паесид. Со убедлива предност по бројот на освоени гласвои било одлучено Зисмките олимписки игри во 1956 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Грофот Бонакоса починал на 31 декември 1953, со што не доживеал да присуствува на одржувањето на игрите во Кортина.[3]

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1956[4]
Град Земја Прв круг
Кортина д'Ампецо   Италија 31
Монтреал,   Канада 7
Колорадо Спрингс   САД 2
Лејк Плесид   САД 1

Краток прегледУреди

  • Во алпско скијање, Тони Зајлер од Австрија станал првиот спортист во историјата, кој освоил три златни медали на едни Олимписки игри.[1] Во спуст победил со предност од 3,5 s, во слалом бил најбрз во двете трки, а во велеслалом победил со предност од дури 6,2 s.
  • Нетпреварувачите од САД доминиале во уметничко лизгање. Тенлеј Албрајт победила во женска конкуренција, а во машка конкуренција сите медали ги освоиле натпреварувачите од оваа земја, при што победил Хејс Алан Џенкинс.
  • Во брзо лизгање, доминирале лизгачите од Советскиот Сојуз, кои освоиле три златни медали во вкупно четири дисциплини. Евгени Гришин бил најуспешен лизгач, освојувајќи два златни медали и поставувајќи два светски рекорди.[5]
  • Финските натпреварувачи во скијачки скокови вовеле нов стил на скокање, при што скокачот рацете ги држел на страна, наместо пред главата. Анти Хиваринен и Аулис Калакорпи ги зазеле првото и второто место, користејќи го новиот стил.[6]

СпортовиУреди

На игрите медали биле доделени во 24 дисциплини во 4 спортови, а демонстративни спортови немало.

Распоред ан натпревариУреди

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови.[7]

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари ●  Церемонии на затворање
26 27 28 29 30 31 1 2 3 4 5 Вкупно
Церемонии
Боб   1 1 2
Алпско скијање   1 1 1 1 1 1 6
Брзо лизгање   1 1 1 1 4
Нордиска комбинација   1 1
Скијачко трчање   1 1 1 1 1 1 6
Скијачки скокови   1 1
Уметничко лизгање   1 1 1 3
Хокеј на мраз   1 1
Вкупно 2 3 2 3 3 3 2 2 2 2 24

Земји-учесничкиУреди

На игрите во Кортина д'Ампецо се натпреврувале 821 спортист од 32 земји.[8] За прв пат на игрите учествувале Боливија, Иран и Советскиот Сојуз. Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција се вратиле наигрите, откако не учествувале на игрите во 1952, а Аргентина, Данска, Нов Зеланд и Португалија, кои учествувале на игрите во 1952, не учествувале во Кортина. Спортистите од Западна и Источна Германија учествувале како претставници на Обединетиот тим на Германија, а истото се случило и на идните две Олимпијади.

Освојувачи на медалиУреди

Во табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[1]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 7 3 6 16
2   Австрија 4 3 4 11
3   Финска 3 3 1 7
4   Швајцарија 3 2 1 6
5   Шведска 2 4 4 10
6   САД 2 3 2 7
7   Норвешка 2 1 1 4
8   Италија 1 2 0 3
9   Германија 1 0 1 2
10   Канада 0 1 2 3

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Cortina d'Ampezzo 1956“. International Olympic Committee. конс. 9 февруари 2009. 
  2. Findling & Pelle (1996), стр. 258
  3. 3,0 3,1 Findling & Pelle (1996), стр. 259
  4. The International Olympic Committee Vote History
  5. Comitato Olimpico Nazionale Italiano (1956), стр. 641
  6. „1956 Cortina d'Ampezzo Winter Games“. Sports Reference LLC. конс. 13 март 2009. 
  7. Comitato Olimpico Nazionale Italiano (1965), стр. 71
  8. Comitato Olimpico Nazionale Italiano (1956), стр. 50-69

Надворшни врскиУреди