Зимски олимписки игри 1952

VI Зимски олимписки игри - Осло 1952
VI Зимски олимписки игри - Осло 1952
Град домаќин Осло, Норвешка
Број на држави 30
Број на спортисти 694 (585 мажи и 109 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 22
Отворање 14 февруари 1952
Затворање 25 февруари 1952
Стадион

VI Зимски олимписки игри се одржале од 14 до 25 февруари 1952 година во Осло, Норвешка. Со тоа, Зимските оимпсики игри за првпат биле организирани во Скандинавија, од каде што се смета дека потекнуваат современите зимски спортови.

Во натпреварувачката програма на игрите, за првпат биле вклучени и натпревари во скијачко трчање за жени.

Избор на град-домаќинУреди

Градот Осло бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на уште два града. Гласањето се одало на 40. седница на МОК, која се одржала во Стокхолм на 21 јуни 1947 година. Со изборот, Осло станал првиот и досега единствен град, кој за време на одржувањето на Зимските олимписки игри бил главен град на земјата-домаќин на игрите.[а] Ова биле првите Зимски олимписки игри, за кои градот-домаќин бил избран по пат на гласање од страна на претставници на земјите-членки на МОК.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1952[1]
Град Земја Прв круг
Осло   Норвешка 18
Кортина д'Ампецо   Италија 9
Лејк Плесид   САД 1

Краток прегледУреди

СпортовиУреди

Спортистите биле одликувани со медали, натпреварувајќи се во 22 дисциплини во 6 спортови. Демонстративен спорт бил спортот бенди, кој претставува варијанта на спортот хокеј на мраз, но не се игра со стандардната плочка (пак), туку со топче.

Распоред на натпревариУреди

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари ●  Церемонија на затворање
14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 Вкупно
Церемонии
Боб   1 1 2
Алпско скијање   1 1 1 1 1 1 6
Брзо лизгање   1 1 1 1 4
Нордиска комбинација   1 1
Скијачко трчање   1 1 2 4
Скијачки скокови   1 1
Уметничко лизгање   1 1 1 3
Хокеј на мраз   1
Вкупно 1 2 2 2 3 2 3 1 2 2 1 1 22

Земји-учесничкиУреди

Вкупно 694 спортисти од рекордни дотогаш 30 земји улествувале на Зимските олимписки игри во Осло. Своето прво учество го забележале Нов Зеланд и Португалија. Повратници на Зимските олимписки игри биле Австралија, Германија[б] и Јапонија, а Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција не учествувале на игрите, иако учествувале во 1948 година.

Освојувачи на медалиУреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Норвешка 7 3 6 16
2   САД 4 6 1 11
3   Финска 3 4 2 9
4   Германија 3 2 2 7
5   Австрија 2 4 2 8
6   Канада 1 0 1 2
  Италија 1 0 1 2
8   Обединето Кралство 1 0 0 1
9   Холандија 0 3 0 3
10   Шведска 0 0 4 4

ПоврзаноУреди

БелешкиУреди

НаводиУреди

Надворшни врскиУреди