Шварцбург
За други истоимени места, погледајте Шварцбург (појаснување).
Шварцбург (германски: Schwarzburg) — општина во долината на реката Шварца во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.
Шварцбург | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Залфелд-Рудолштат |
Градоначалник | Хајке Принц |
Основни податоци | |
Површина | 14,67 км2 |
Надм. височина | 280 м |
Население | 525 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 36 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SLF |
Пошт. бр. | 07427 |
Повик. бр. | 036730 |
Портал | www.mittleres-schwarzatal.de |
Местоположба на Шварцбург во рамките на округот Залфелд-Рудолштат | |
![]() | |
Координати | 50°38′27″N 11°11′49″E / 50.64083° СГШ; 11.19694° ИГДКоординати: 50°38′27″N 11°11′49″E / 50.64083° СГШ; 11.19694° ИГД |
Географија уреди
Шварцбург се наоѓа во Тириншката Шума. Патот 1112 го поврзува со Бад Бланкенбург и околината.
Општински единици уреди
Соседни општини се Алендорф, градот Бад Бланкенбург, Бехштет, Дешниц, Залфелд и Зицендорф.
Историја уреди
Првпат бил споменат во 1071 година како Swartzinburg. Замокот (сега разрушен) бил од XII век, седиште на грофовите од Шварцбург. Потоа, Рудолштат станал седиште на новата линија од Шварцбург-Рудолштат.
На 11 август 1919 година, додека бил на одмор во Шварцбург, Фридрих Еберт — првиот претседател на Германија (Reichspräsident) — го потпишал Вајмарскиот устав, првиот демократски устав на Германија.
Наводи уреди
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)