Зонеберг (округ)
Зонеберг (германски: Sonneberg) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) окрузите Хилдбургхаузен, Залфелд-Рудолштат и баварските окрузи Кронах и Кобург.
Зонеберг Landkreis Sonneberg | ||
---|---|---|
округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Тирингија | |
Основан | 1868 | |
Седиште | Зонеберг | |
Површина | ||
• Вкупна | 460,83 км2 (17,793 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 57.044 | |
• Густина | 1,2/км2 (3,2/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | SON, NH | |
Мреж. место | www.landkreis-sonneberg.de |
ИсторијаУреди
Округот бил создаден во 1868 година, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952 година, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.
Во 2019 година, општините Лихте и Пизау од округот Залфелд-Рудолштат биле припоени како делови на градот Нојхаус на Ренвег во округот Зонеберг.
ГеографијаУреди
Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тириншката Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Гросер Фармденкопф со 869 метри) до пониските делови во округот.
ГрбУреди
Грбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофовијата Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија. |
Градови и општиниУреди
Слободни градови | Слободни општини |
---|---|
НаводиУреди
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
Надворешни врскиУреди
- Зонеберг (округ) на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)