Кенигзе
Кенигзе (германски: Königsee) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 12 километри источно од Илменау и 35 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт. До 2018 година бил наречен Кенигзе-Ротенбах.
Кенигзе
Königsee | |
Градскиот плоштад | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Залфелд-Рудолштат |
Градски единици | 24 |
Градоначалник | Марко Вашковски (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 103,09 км2 |
Надм. височина | 377 м |
Население | 7.176 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 70 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SLF |
Пошт. бр. | 07426 |
Повик. бр. | 036739, 036738 |
Портал | www.koenigsee-rottenbach.de |
Местоположба на градот Кенигзе во рамките на округот Залфелд-Рудолштат | |
Координати | 50°39′41″N 11°05′50″E / 50.66139° СГШ; 11.09722° ИГД |
Географија
уредиКенигзе се наоѓа во северозападниот дел на округот Залфелд-Рудолштат на височина од 377 метри.
Соседни места
уредиГрадот се граничи со следниве единици (почнувајќи од север, надесно): Штатилм, Рудолштат, Бад Бланкенбург, Бехштет, Алендорф, Зицендорф, Унтервајсбах, Шварцатал, Гросбрајтенбах и Илменау.
Градски единици
уредиГрадот територијално е поделено на 24 места:
Градска единица | Места |
---|---|
Кенигзе |
Кенигзе, Дернфелд на Хајде, Гарзиц, Хорба, Лихта, Оберкедиц и Унтеркедиц како Кедиц, Обершеблинг, Унтершеблинг |
Ротенбах |
Ротенбах, Хенгелбах, Лојтниц, Милбиц, Паулинцела, Квителсдорф, Золсдорф, Шторхсдорф, Телендорф |
Оберхајн |
Оберхајн, Баригау, Манкенбах, Унтерхајн |
Дребишау |
Дребишау, Егелсдорф |
Историја
уредиДенешниот град бил создаден на 31 декември 2012 година со спојување на поранешниот град Кенигзе и општината Ротенбах под името Кенигзе-Ротенбах. На 1 јануари 2019 година, поранешните општини Дребишау и Оберхајн биле припоени кон градот и името повторно било променето во Кенигзе.[2]
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на градот Кенигзе се состои од 20 членови.
Првите општински избори на 14 април 2013 година и изборите на 26 мај 2019 година ги дале следниве резултати:
Партии и листи | 2013[3] | 2019[4] | |||
---|---|---|---|---|---|
% | Места | % | Места | ||
IWW FW | IWW-Слободни гласачи Кенигзе(-Ротенбах) | 23,5 | 5 | 21,1 | 4 |
TK | Тим Кенигзе | – | – | 18,0 | 4 |
FWG | Слободно гласачко друштво Кенигзе(-Ротенбах) | 22,9 | 4 | 16,9 | 3 |
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 21,6 | 4 | 14,2 | 3 |
UWGK | Независно гласачко друштво Кенигзе | 8,0 | 2 | 11,6 | 2 |
LINKE | Левица отворена листа/Левица | 8,9 | 2 | 8,5 | 2 |
WG FFW | Изборна група Доброволни противпожарникари | 4,6 | 1 | 5,8 | 1 |
FDP | Слободна демократска партија | 4,6 | 1 | 3,8 | 1 |
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 5,8 | 1 | – | – |
Вкупно | 100,0 | 20 | 100,0 | 20 | |
Излезност во % | 66,2 | 62,5 |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на градот е Марко Вашковски (независен), избран на 31 март 2019 година во прв круг.[5][6]
Збратимени градови
уредиКенигзе е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Градското собрание
-
Основниот суд
-
Градската црква
-
Основното училиште
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Thüringer Gesetz zur freiwilligen Neugliederungkreisangehöriger Gemeinden im Jahr 2019, § 23, p. 802
- ↑ „Stadtratswahl Königsee-Rottenbach 2013“ (PDF). wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-07-31.
- ↑ „Stadtratswahl Königsee 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-07-31.
- ↑ „Wahlen in Thüringen“. Посетено на 2019-05-02.
- ↑ Stadtverwaltung Königsee. „Aktuelle Nachrichten“ (германски). Архивирано од изворникот на 2020-02-06. Посетено на 2019-05-02.
Надворешни врски
уреди- Кенигзе на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 7 ноември 2021 г. (германски)