Пробсцела (германски: Probstzella) — општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Пробсцела
Општинското собрание
Општинското собрание
Општинското собрание
Грб на Пробсцела
Пробсцела во рамките на Германија
Пробсцела
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Општ. заед. Шифергебирге
Месни единици 20
Градоначалник Свен Мехтолд (СДП)
Основни податоци
Површина 74,34 км2
Надм. височина 340 м
Население 2.721 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 37 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07330
Повик. бр. 036735 (Пробсцела, Марткгелиц), 036734 (Лихтентане), 036731 (Унтерлоквиц)
Портал www.einheitsgemeinde-probstzella.de
Местоположба на Пробсцела во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°31′57″N 11°22′43″E / 50.53250° СГШ; 11.37861° ИГД / 50.53250; 11.37861

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Шифергебирге.

Географија

уреди

Пробсцела се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини. Околните ридови се извишуваат на над 200 метри во височина. Низ местото тече реката Локвиц, притока на Зале долга 35 километри.

Пробсцела е втора најголема општина во округот Залфелд-Рудолштат по Улштет-Кирххазел.

Соседни општини

уреди

Општината се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Каулсдорф, Лојтенберг, Вурцбах, Леестен, Лудвигсштат (Баварија) и Грефентал.

Општински единици

уреди

Општината е поделена на вкупно 20 единици:

Место Жители Површина (км²)
Арнсбах 177 1,30
Делен 66 1,94
Габе Готес 59 1)
Гросгешвенда 155 6,25
Клајннојндорф 70 2,43
Кенигстал 77 1,10
Лазен 57 4,31
Лихтентане 274 8,61
Лимбах 70 3,63
Марктгелиц 370 7,18
Оберлоквиц 200 6,05
Пипелсдорф 68 2,60
Пробсцела 1316 8,20
Рајхенбах 87 3,44
Рода/Викендорф 46 2,25
Шадертал 92 2,55
Шлага 49 1,23
Унтерлоквиц 239 5,81
Цоптен 174 4,08

1) – содржана во Марктгелиц

Историја

уреди

Помеѓу 1945 и 1990 година, железничката станица Пробсцела служела како граничен премин на границата помеѓу Источна и Западна Германија за железничкиот сообраќај. Преминот бил отворен за возови, кои патувале помеѓу советската окупациска зона (до 1949 г., потоа Источна Германија) или Западен Берлин и американската окупациска зона (до 1949 г. и потоа Западна Германија). Сообраќајот бил предмет на договор за меѓузонските врски помеѓу двете земји.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди