Ејвори Брендиџ

Американски кошаркар

Ејвори Брендиџ (28 септември 1887- 8 мај 1975) бил американски атлет, официјален спортски работник колекционер на уметнички дела и познат филантроп. Тој бил претседател на Меѓународниот олимписки комитет иза многу од своите постапки добил големи критики.

Ејвори Брендиџ во 1974 година

Брендиџ се родил во Детроит каде што и се школувал. Тој студирал цивилно инженерство на универзитетот во Илиноис, а дипломирал во 1909 година. Неколку години подоцна формирал своја компанија Ејвори Брендиџ компани којашто работела со делокруг во градот Чикаго со блиската околина сè до 1947.

Ејвори Брендиџ бил универзален атлет и се натпреварувал на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година во петобој и десетобој и ги освоил шестото место во петобој и шеснаесеттото место во десетобој. Тој во овие дисциплини бил првак на САД во 1914, 1916 и 1918 година.

Во 1928 година, Брендиџ станал претседател на Аматерската атлетска унија, а во 1929 година претседател на Олимпискиот комитет на САД. Во наредната 1930, тој станал потпретседател на Меѓународната атлетска федерација.

За време на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, многу Евреи биле погубени од страна на Германците, па американскиот член во Меѓународниот олимписки комитет Ернест Ли Џенки побарал игрите да бидат бојкотирани по што бил исклучен од комитетот. На негово место член на Меѓународниот олимписки комитет станал Ејвори Брендиџ.

За време на одржувањето на Олимписките игри во Хелсинки во 1952 година, тој го наследил Зигфрид Едстром и станал претседател на Меѓународниот олимписки комитет. На таа функција останал сè до Олимписките игри во Минхен во 1972 година.

Ејвори Брендиџ починал на 8 мај 1975 година во Гармиш- Партенкирхен, Западна Германија, само 3 години по неговото повлекување од функцијата претседател на Меѓународниот олимписки комитет.


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-)