Годфроа де Блоне (25 јули 1869 во Нидершонтал - 14 февруари 1937 во Бискра, Алжир) бил швајцарски барон и цршител на должноста претседател на Меѓународниот олимписки комитет во периодот од 1916 до 1919 година.

Де Блоне станал првиот Швајцарец, член на Меѓународниот олимписки комитет во 1899. Во 1912 година станал претседател на Швајцарскиот олимписки комитет, а на таа функција останал до 1915. Тој бил голем пријател со барон Пјер де Кубертен, па кога во 1916 Кубертен и се приклучил на француската армија во борбите во Првата светска војна, барон Годфроа де Блоне ја презел функцијата претседател на МОК. Таа функција ја задржал сè до 1919 кога неа повторно си ја повратил барон Пјер де Кубертен.


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-)