Прва егејска ударна бригада
Прва егејска ударна бригада била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.
Прва егејска ударна бригада | |
---|---|
Борци на I Македонска егејска бригада, формирана во Битола, во ноември 1944 година. | |
Активна | 18 ноември 1944 – 2 април 1945 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Илија Димовски - Гоче |
Структура
уредиКомандант на бригадата бил Илија Димовски - Гоче, политички комесари: Михаил Пангов Керамитчиев и Динко Делевски, а началник на штабот бил Стив Георгиев - Димов. Во време на формирањето, бригадата броела околу 400 вооружени борци, а 600 други чекале вооружување. Во наредниот период бројот на борци и старешини достигнал околу 2000.[1] Младински раководител на Првиот баталјон на бригадата била Стерјана Вангелова.[2]
Борбен пат
уредиПо формирањето на организации на КПМ во одделните единици се одржала Првата партиска конференција на бригадата, во Битола на 22 ноември 1944 година. Бригадата ги разбила балистите во селото Острец, Битолско меѓу 4 и 5 декември и ги ликвидирала со гонење на 6 и 8 декември. Подоцна била упатена кон Полог на 3 јануари 1945 година, за ликвидирање на заостанатите балистички сили и по тридневен марш на 6 јануари стигнала во Гостивар. Младинската организација на бригадата избрала 5 делегати и тие учествувале во работата на Вториот конгрес на НОМСМ, во Скопје, од 6 до 8 јануари 1945 година. Во Полог стационарно се поделила на неколку дела: во Гостивар, во селата Врапчиште и Баница (Гостиварско) и во Тетово. Во двомесечните акции на просторот од селото Зајас, Кичевско, до Полог и кон Шар Планина биле ликвидирани над 400 балисти и нивни соработници во текот на јануари и февруари. Од новопристигнатите борци биле формирани уште два баталјона.
На почетокот на март бригадата била преместена во Скопјеа на 7 март била поделена на два ешалона: првиот ешалон преместен во Гевгелија, а вториот во Битола и потоа расформирани на 2 април 1945 година, а борците прераспределени во други воени единици. Делот од нејзиниот состав што бил прекомандуван на теренот во Гевгелија и Битола имал задача да ја штити македонско-грчката граница, каде останала до своето расформирање.[1]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999, стр. 80-82
- ↑ Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 95. ISBN 9989-624-46-1.