Државен пат 12 (Грција)

пат во Егејска Македонија, Грција

Државен пат 12 или ЕО12 (грчки: Εθνική Οδός 12) — пат во Егејска Македонија, Грција. Ги поврзува градовите Солун и Кавала, минувајќи низ Сер и Драма. Воедно го опслужува сообраќајот кон границата со Бугарија. Делницата од Солун до Сер е во состав на Европскиот пат Е79. Дел од ЕО12 е заменет со автопатот А25 (Солун - Сер) и магистралата „Егнатија“ (А2).

Државен пат 12 shield

Државен пат 12
Информации за правецот
Должина:225 км
Постоел:1920-ти – денес
Поважни клучки
Западен крај:Солун
 Сер
Источен крај:Кавала
Местоположба
Области:Егејска Македонија
Поважни градови:Солун, Сер, Драма, Кавала
Патна мрежа
Државни патишта во Грција

Историја

уреди

Патот почнал да се асфалтира во 1920-тите и 1930-тите. Последните делнци се осовремени во 1950-тите. Помеѓу 1990-тите и 2004 г. јужната и северната делница се надградени како автопат, а целосната надградба до Сер е завршена во 2010-тите.

Правец

уреди

ЕО12 се протега кон север, почнувајќи од центарот на Солун како градска артерија наречена „Лагадински пат“. Оваа делница е заедничка со патот ЕО2. Близу Лембет (Евкарпија) правецот се приклучува на автопатот А2 („Егнатија“) и го следи во североисточен правец до Ајватово, а потоа продолжува во истиот правец, овојпат напоредно на автопатот А25. Минува низ Лахна и ја преминува реката Струма кај Орљак. Го одминува Сер, па оди на исток низ Зелјахово и кон Драма. Овде свртува на југоисток и преку Рахче завршува во Кавала.

Населени места

уреди

Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]

Наводи

уреди
  1. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

40°29′05″N 22°10′56″E / 40.4846° СГШ; 22.1821° ИГД / 40.4846; 22.1821