Бадем Чифлик (грчки: Αμυγδαλεώνας, Амигдалеонас) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Бадем Чифлик
Αμυγδαλεώνας
Бадем Чифлик is located in Грција
Бадем Чифлик
Бадем Чифлик
Местоположба во областа
Бадем Чифлик во рамките на Кавала (општина)
Бадем Чифлик
Местоположба на Бадем Чифлик во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°57′N 24°21′E / 40.950° СГШ; 24.350° ИГД / 40.950; 24.350
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаСелјани
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.724
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 28 километри западно од градот Кавала и на 11 километри јужно од Селјани.

Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со Роми и населбата била основана во XVI век. Во текот на XVIII век во селото било отворено грчко училиште.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 30 цигани[2].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Амигдалеонас[3].

Демографија

уреди

Во 1928 година бројот на населението бил 509 лица, додека во 1940 година селото броело 794 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1292 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1208 жители, во 1971 година имало 1067 жители, во 1981 година имало 1529 жители, додека во 1991 година имало 1559 жители[4]. Денеска, населението на селото е 2724 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 794 1292 1208 1067 1529 1559 1697 2724
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  3. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.