Ајватово
Ајватово (грчки: Λητή, Лити; до 1926 г. Αειβάτι, Ајвати[2]) — село (или гратче) во Општина Даутбал во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Смместено е во непосредна близина на градот Солун, на само 12 километри северно од неговуот центар.
Ајватово Λητή | |
---|---|
Поглед на селото од блага падина | |
Координати: 40°44.41′N 22°58.41′E / 40.74017° СГШ; 22.97350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Мигдонија |
Надм. вис. | 123 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3.533 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 |
Повик. бр. | 23940–73 |
Местоположба
уредиАјватово се наоѓа во Лагадинско Поле на 10 километри западно од Лагадина крај главниот пат што води од Солун за Сер[3]. Сместено е на падините на ниската планина Балџа на излезот од превојот Дервент, на надморска височина од 150 метри со атар чие пространство зафаќа 19 км²[3]. Иако не е големо, Ајватово има статус на полуградска населба[3]. Главното занимање на жителите е земјоделството и основни земјоделски производи се жито и тутун[3].
За потеклото на името се претпоставува дека има турски корени. Името на ова село е многу слично со името на скопското село Ајватовци.
Историја
уредиАјватово или Ајвати како што многумина од патописците и околното население го викале, било патријаршиско село под големо влијание на грчката пропаганда поради блискоста до главниот центар Солун. Ајватово, Ѓувезна (Асирос), Дремиглава (Дримос), Балџа (Мелисохори) и Лагиново (Лагина) се села со сродна историја кои заедно многу рано потпаднале под грчката пропаганда и нивната „Македонска Борба“ - «μακεδονικού αγώνα». Во селото уште на почетокот на XX век било организирано патријаршиско основно училиште со еден учител задолжен за 207 ученици.[4] Од ова место потекнува Андон (Антон) Димитров Филахтечев или скратено како што го знаеме Андон Димитров еден од основачите на ВМРО на 23 октомври 1893 година во Солун.[5]
Од 1913 година после големите борби и меѓусебни преземања и смена на окупаторите за две години неколкупати, паѓа конечно под грчка власт. Името на селото опстојува сè до почетокот на втората деценија од 20век кога со декретот за измена на топонимијата во Северна Грција на 31.08.1926 година му се смени името во Лити или Лете спрема новиот изговор.[6] Новото име Лити го добива по истоимената античка населба која била центар на областа Мигдонија и постоела уште во времето на Филип II Македонски.
Демографија
уредиСелото Ајватово (Лити) не било колонизирано бегалско население Маџири во 1922-1926. До ден денешен претставува чисто македонска населба во овој регион со неколку други. Ајватово е една од најголемите македонски населби во Солунската околина која до денес во етнички поглед нема претрпено никакви промени[3].
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ од 1802 г., прогласена за споменик на културата
Личности
уреди- Андон Димитров — учител, еден од основачите на ТМОРО (ВМРО)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αειβάτι -- Λητή
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 308.
- ↑ ПДФ документ
- ↑ Андон Димотров
- ↑ Смена на имињата на населбите во Грција