Маџар Чифлик
Маџар Чифлик или Идромили,[2] (грчки: Λυδία, Лидија) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Маџар Чифлик Λυδία | |
---|---|
![]() Црква во селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°1′N 24°16′E / 41.017° СГШ; 24.267° ИГДКоординати: 41°1′N 24°16′E / 41.017° СГШ; 24.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 252 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 808 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 19 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 252 метри.
ИсторијаУреди
Отоманско ЦарствоУреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Саришабанската каза во составот на Отоманското Царство.
ГрцијаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
ДемографијаУреди
Во 1928 година во селото биле сместени 72 грчки семејства со 260 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 260 лица, додека во 1940 година селото броело 511 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 800 жители, во 1981 година имало 875 жители, додека во 1991 година имало 843 жители[5]. Денеска, населението на селото е 808 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 511 | 800 | / | / | 875 | 843 | 832 | 808 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Υδρόμυλοι -- Λυδία
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.