Драчево (Зихненско)

село во Зихненско, Егејска Македонија

Драчево или Драчово (познато како Драчен, понекогаш и Старо Драчево; грчки: Λευκοθέα, Левкотеа; до 1927 г. Δράτσοβο, Драцово[1]) — напуштено село во Зихненско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сѐ до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци, кои останале мнозинство до неговото раселување во 1960-тите.[2]

Драчево
Λευκοθέα
Поглед на селото
Поглед на селото
Драчево is located in Грција
Драчево
Драчево
Местоположба во областа
Драчово во рамките на Зелјахово (општина)
Драчово
Местоположба на Драчево во општината Зелјахово и областа Централна Македонија
Координати: 41°2′N 23°55′E / 41.033° СГШ; 23.917° ИГД / 41.033; 23.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаЗелјахово
Општ. единицаАлистратик
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало во областа Зихна, во непосредна близина од реката Драматица, во јужното подножје на планината Сминица, на надморска височина од 180 м. Сместено е околу 4 км северозападно од новата населба, покрај патот што води за селото Мандилево.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Драчево било македонско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Драѕова или Траѕова (Δράτζοβα, Τράτζοβα) живееле 150 Македонци христијани.[3] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Драчово имало 79 македонски домаќинства.[4][5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Драчово (Dratchovo) имало 59 домаќинства и 190 жители Македонци.[4][6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Драчево, се наоѓа 1 12 ч. источно од Зелјахово. Истата местоположба и почва како и во Мандил. Грчка црква и училиште во црковниот двор со 15 ученици. 60 македонски куќи.[7]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Драчево имало 300 жители, сите Македонци.[4][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драчево (Dratchevo) имало 320 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][9]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 179 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 206 лица.[2]

Во 1923 г. во селото биле населени 79 бегалци, така што селото станало мешана населба која во пописот од 1928 г. била заведена со 311 жители.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Левкотеа (Λευκοθέα).[1]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 379 жители.[2]

По крајот на Втората светска војна, во текот на 1960-тите жителите на Драчево биле преселени на неколку километри југоисточно од старата населба, покрај пругата Солун-Дедеагач во нова населба наречена Станица Драчево. Помасовно иселување се случило во 1970-тите, кога тоа броело 172 жители, кои во 1981 г. се намалиле на само 8 лица.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 361 340 347 172 8 9 0 0 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 19 август 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 220.
  3. Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 240–241.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 146–147. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 3.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 182. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 202–203.
  10. „Church of the Dormition in Ano Leukothea“. corect.ipet.gr. Corect. Архивирано од изворникот на 9 ноември 2024. Посетено на 19 август 2024.