Дороти Хоџкин
Дороти Мери Хоџкин (англиски: Dorothy Mary Hodgkin, pодена на 12 мај 1910 во Каиро - починала на 29 јули 1994 во Шипстон на Стур, Англија), со моминско презиме Кроуфут (англиски: Crowfoot) — англиска хемичарка, добитничка на Нобеловата награда за хемија во 1964 година за работата врз истражувањето на атомската структура на важни хемиски соединенија, посебно на витаминот B12, кој е неопходен за спречување на пернициозна анемија.[2]
Дороти Мери Хоџкин | |
---|---|
Роден(а) | 12 мај 1910 Каиро, Египет |
Починал(а) | 29 јули 1994 Илмингтон, Велика Британија |
Живеалиште | Велика Британија |
Државјанство | Велика Британија |
Полиња | Хемија |
Установи | Универзитет во Оксфорд |
Образование | Колеџ Сомервил, Оксфорд |
Докторски ментор | Џ. Д. Бернал |
Други ментори | Џудит Хауард Том Бландел[1] |
Поважни награди | Нобелова награда за хемија (1921) Копли Медал (1976) Mедал на Ломоносов (1982) |
Детство и почетоци на кариерата
уредиДороти Хоџкин е родена на 12 мај 1910 во Каиро. Нејзиниот татко, Џон Кроуфут бил познат англиски археолог, а нејзината мајка била љубителка на ботаниката и негова соработничка за време на работењето во Каиро и Картум. Во текот на Првата светска војна, Хоџкин живеела во Вординг (Велика Британија) кај својата баба, а по враќањето на нејзината мајка во 1918 година, во Линколн. До 1928 година учела во училиштето „Сер Џон Лемон“ крај Беклс, каде што започнала да ја изучува историјата на кристалографијата и хемија - предмети што во тоа време ги изучувале само мажите. По завршувањето на училиштето, неколку години живеела во Палестина, каде нејзиниот татко бил директор на Британското училиште за археологија во Ерусалим. По враќањето во Велика Британија продолжила да ја изучува хемијата во Сомервилскиот колеџ при Оксфордскиот универзитет (1928-1932), каде што ја изучувала кристалографијата, а специјализирала во Хајделберг. Своето образование Хоџкин го продолжила во Лабораторијата на Кевендиш при Кембриџскиот универзитет, каде што ги започнала истражувањата врз стеролите со рендгенска кристалографија. Во 1934 година се вратила во Сомервил колеџот и таму поминала најголем дел од својата професионална кариера. Докторската дисертација на тема изучувањето на холестеролот со рендгенска кристалографија ја одбранува во 1937 година во Кембриџ. Истата година се омажила за историчарот Томас Хоџкин, братучед на биофизичарот Ален Хоџкин.
Истражувачка работа
уредиВо 1933 година, Хоџкин била наградена со истражувачка стипендија од колеџот Сомервил, а во 1934 година, таа се вратила во Оксфорд, каде што била професор по хемија на колеџот
Во 1933 година, Хоџкин била наградена со истражувачка стипендија од колеџот Сомервил, а во 1934 година, таа се вратила во Оксфорд каде работела како професор по хемија на колеџот до 1977 година.
Во април 1953 година, заедно со Сиднеј Бренер, Џек Даниц, Лесли Оргел и Берил М. Оутон, Хоџкин била една од првите луѓе да отпатува од Оксфорд до Кембриџ за да го види моделот на структурата на двојната спирала на ДНК, конструирана од Френсис Крик и Џејмс Вотсон, заснована на податоци и техники стекнати од Морис Вилкинс и Розалинд Френклин.
Хоџкин станала читател на Оксфорд во 1957 година и ѝ било дадена целосно модерна лабораторија следната година.[3] Во 1960 година, Хоџкин била назначена за професорка за истражување на Кралското друштво.[4] Таа била член на колеџот Волфсон, Оксфорд од 1977 до 1983 година.[5]
Структура на стероид
уредиХоџкин била особено позната по откривањето на тридимензионални биомолекуларни структури. Во 1945 година, работејќи со Ц.Х. Карлајл, таа ја објавила првата таква структура на стероид, холестерил јодид (работејќи со холестерил уште од деновите на нејзините докторски студии).[6]
Структура на пеницилин
уредиВо 1945 година, Хоџкин и нејзините колеги, заедно со биохемичарката Барбара Лоу, ја откриле структурата на пеницилинот, и докаживаат дека тој не содржи прстен од β-лактам, спротивно на научното мислење во тоа време. Делото било објавено дури во 1949 година.[7]
Структура на витаминот B12
уредиТриумф во нејзината работа претставува определувањето на структурата на витаминот B12 со кристалографска анализа. Благодарение на нејзините напори, рендгенската кристалографија во својата работа ја користиле и англиските биохемичари Макс Перуц и Џон Кендрју, англискиот биофизичар Морис Вилкинс, американскиот молекуларен биолог Џејмс Вотсон и англискиот молекуларен биолог Франсис Крик.
Витаминот Б12 првпат бил откриен во Мерк, 1948 година и неговата структура во тоа време била речиси целосно непозната. Но кога Хоџкин открила дека содржи кобалт, таа сфатила дека актуелизацијата на структурата може да се утврди со анализа на кристалографија со рендген.
Научниците од Мерк претходно го кристализирале Б12, но објавиле само индекси на рефракција на супстанцијата.[8] Конечната структура на Б12, за која Хочкин подоцна била наградена со Нобеловата награда, била објавена во 1955 година.[9]
Структура на инсулин
уредиИнсулинот бил еден од најнеобичните истражувачки проекти на Хоџкин. Во 1934 година кога Роберт Робинсон ѝ понудил мал примерок од кристален инсулин, хормонот ја заробил нејзината имагинација поради сложената структура. Кристалографијата со Х-зраци сѐ уште не била развиена доволно добро за да се справи со сложеноста на молекулата на инсулинот.
Дури во 1969 година, Хоџкин конечно имала можност да работи со својот тим од млади, меѓународни научници за да ја открие структурата за прв пат. Работата на Хочкин со инсулинот била клучна во отворањето на патот за масовно производство на инсулин и користење во голем обем за лекување на дијабетес тип еден и тип два.[10] Таа продолжила да соработува со други лаборатории активни во истражувањето на инсулин, давајќи совети и говори за инсулинот и неговото значење за иднината на дијабетесот.
Наводи
уреди- ↑ PMID 4932997 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ С.Маринковиќ,П.Михајлов,З.Ќорвезироски. (1996). Нобеловци. Детска радост:Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Internet Archive (1999). A to Z of women in science and math. Facts on File. ISBN 978-0-8160-3797-1.
- ↑ Ferry, Georgina ((1999 [printing])). Dorothy Hodgkin : a life. London: Granta. ISBN 1-86207-285-X. OCLC 41312662. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Award winners | University of Oxford“. www.ox.ac.uk. Посетено на 2021-11-21.
- ↑ „The crystal structure of cholesteryl iodide“. Proceedings of the Royal Society of London. Series A. Mathematical and Physical Sciences (француски). 184 (996): 64–83. 1945-07-23. doi:10.1098/rspa.1943.0040. ISSN 0080-4630.
- ↑ CROWFOOT, D.; BUNN, C. W.; ROGERS-LOW, B. W.; TURNER-JONES, A. THE X-RAY CRYSTALLOGRAPHIC INVESTIGATION OF THE STRUCTURE OF PENICILLIN. Princeton University Press. стр. 310–366.
- ↑ Rickes, Edward L.; Brink, Norman G.; Koniuszy, Frank R.; Wood, Thomas R.; Folkers, Karl (1948-04-16). „Crystalline Vitamin B 12“. Science. 107 (2781): 396–397. doi:10.1126/science.107.2781.396. ISSN 0036-8075. line feed character во
|title=
во положба 22 (help) - ↑ HODGKIN, DOROTHY CROWFOOT; PICKWORTH, JENNY; ROBERTSON, JOHN H.; TRUEBLOOD, KENNETH N.; PROSEN, RICHARD J.; WHITE, JOHN G. (1955-08). „Structure of Vitamin B12 : The Crystal Structure of the Hexacarboxylic Acid derived from B12 and the Molecular Structure of the Vitamin“. Nature. 176 (4477): 325–328. doi:10.1038/176325a0. ISSN 0028-0836. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Weidman, Chelsea (2019-05-12). „Meet Dorothy Hodgkin, the biochemist who pieced together penicillin, insulin, and vitamin B12“. Massive Science. Посетено на 2021-11-21.
Понатамошни извори
уреди- Papers of Dorothy Hodgkin at the Bodleian Library. Catalogues at [1] Архивирано на 27 септември 2019 г. and [2] Архивирано на 27 септември 2019 г..
- Ferry, Georgina (1998). Dorothy Hodgkin A Life. London: Granta Books.
- Dodson, Guy; Glusker, Jenny P.; Sayre, David (eds.) (1981). Structural Studies on Molecules of Biological Interest: A Volume in Honour of Professor Dorothy Hodgkin. Oxford: Clarendon Press.
- Glusker, Jenny P. in Out of the Shadows – Contributions of 20th Century Women to Physics.
- Wolfers, Michael (2007). Thomas Hodgkin – Wandering Scholar: A Biography. Monmouth: Merlin Press.
- Royal Society of Edinburgh obituary Архивирано на 25 мај 2006 г.
- Opfell, Olga S. (1978). Lady Laureates : Women Who Have Won the Nobel Prize. Metuchen, N.J & London: Scarecrow Press. стр. 209–223. ISBN 0810811618.
Надворешни врски
уредиАнглиски јазик
уреди- Dorothy Hodgkin tells her life story at Web of Stories (video)
- CWP – Dorothy Hodgkin in a study of contributions of women to physics
- Review of Ferry's biography on the Pugwash website
- Encyclopaedia Britannica, Dorothy Crowfoot Hodgkin
- Dorothy Crowfoot Hodgkin: A Founder of Protein Crystallography Архивирано на 12 јануари 2012 г.
- Nobel Prize 1964 page Архивирано на 23 јули 2008 г.