Даме Попов
Дамjaн Поп Иванов (1874 – 1948), попознат како Даме Попов (Попоски), е македонски револуционер, четник во Македонската револуционерна организација и прилепски војвода.
Даме Попов | ||
Роден | 15 април 1874 Долнени, Прилепско | |
---|---|---|
Починал | 13 јуни 1948 Прилеп, Република Македонија |
Животопис
уредиРоден е на 15 април 1874 година во прилепското село Долнени во родот на Ајтовци - род од 12 семејства, доселен во Долнени од с. Ѓавато, битолско. По влегувањето во Организацијата во мај 1901 година станува четник во четата на Марко Лазаров. Есента истата година војводата Лазаров се разболува и заминува на лекување во Бугарија, a Попов го заменува. Подоцна е заменет од ајдутинот дедо Андреј Петров сè до пристигнувањето на Никола Петров Русински во прилепско истата година. Од 1902 година сè до Младотурската револуција во 1908 година е четник во четата на Ѓорѓи Скрижовски. Во 1911 година станува четник во четата на Милан Ѓурлуков со која во 1912 година се приклучува во Македонско-одринските доброволни чети и учествува во Балканските војни. По завршувањето на Балканските војни со чета на ВМРО се уфрлува на територијата на Вардарска Македонија каде што се судрува со српската вооружена пропаганда во месноста Црвени Стени.
За време на Првата светска војна Попов се вклучува во редовите на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија каде што е назначен за командир на Прилепскиот партизански вод при партизанскиот одред на Девизијата. Водот се состои од 26 лица од кои 16 се од Прилепско, 2 од Велешко, 5 од Воденско и 2 од Тиквешко. По завршувањето на Првата светска војна, Даме Попов емигрира во Бугарија каде што учествува во работата на „Илинденската организација“.
За време на Бугарската окупација на Македонија, Даме со семејството се враќа во Прилеп, каде што и умира на 13 јуни 1948 година.[1][2][3]
Наводи
уреди- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 136.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 580.
- ↑ Минчев, Димитър. Четите на ВМОРО през Първата световна война, в: 100 години Вътрешна македоно-одринска революционна организация, Македонски научен институт, София 1994, стр. 140 - 141. ISBN 954-8187-10-8