Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј (роден како: Цветко Крстески) (Долнени, Прилеп, 25 март 1914 - 15 јуни 1986 кај Дреновска Клисура) бил втор поглавар на Македонската православна црква, носејќи ја титулата Архиепископ охридски и македонски.[1]

Ангелариј
Ракоположен1981
Службата завршила1986
ПретходникДоситеј
НаследникГаврил II
Лични податоци
Роден25 март 1914
Починал15 јуни 1986
Други папи наречени Ангелариј
Ангелариј


Дебарско-кичевски
Дебарско-кичевски митрополит
На должноста
1976 – 1981
Претходник Методиј
Наследник Тимотеј
Лични податоци
Роден(а) како Цветко Крстески
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин
Гробот на г.г. Ангелариј.

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Архиепископот Г.Г. Ангелариј е роден како Цветко Крстески на 25 март 1914 година во село Долнени, Прилепско, од татко Костадин, свештеник, и мајка Ѕвезда. Негов брат, Пецо Крстески, бил учесник во НОВ и загинал во 1942 година.[2] Основното образование го завршил во Долнени и во Прилеп. Во 1926 година се запишал во средното богословско училиште „Св. Јован Богослов“ во Битола, а го завршил во Битола во 1931 година.

По завршувањето на богословското училиште во 1932 бил ракоположен во чин ѓакон во Црквата „Св. Димитриј“ во Битола. Истата година во црквата „Св. Богородица“ бил назначен за свештеник и по тој чин го поставиле за парох во с. Гари во Дебарско, каде служел до 1937 година. Тој бил парохиски свештеник во црквата „Св. Благовештение во Прилеп од 1937 до 1961 година и архијерејски намесник на Прилепското архијерејско намесништво.

Цветко Крстески учествувал во НОБ. Исто така, тој бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги бил одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоjереј - ставрофор. По завршувањето на војната, студирал на Философскиот факултет во Скопје.

По војната

уреди

Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во квартот Фицрој во Мелбурн, Австралија. Таму ја основал првата македонска православна црковна општина и за време на неговата служба била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. Во Мелбурн служел од 1961 до 1964 година. По враќањето од Мелбурн во 1964 година работел во црквата „Св. Благовештение во Прилеп. По смртта на сопругата, во 1972 година, тој ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и се замонашил под името Ангелариј. По замонашувањето, тој свештенствувал во Прилеп сè до 1975 година, кога од САС на МПЦ бил избран и хиротонисан за епископ Пелагониски. За Дебарско-кичевски митрополит бил хиротонисан на 5 јули 1977 година. Исто така, тој бил поставен за администратор-сотрудник на болниот Митрополит Преспанско-битолски Климент.

Архиепископ

уреди

На Црковнонародниот собир, одржан на 19 август 1981 година, Ангелариј бил избран за Архиепископ Охридски и Македонски.[3]

По нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, г.г. Ангелариј загинал во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот ПрилепСкопје, кога службениот „мерцедес“, во кој се возел архиепископот, се судрил со цистерна со српски регистарски таблички. Во несреќата, освен г.г. Ангелариј, загинал и неговиот возач. Според некои теории на заговор се претпоставува дека неговата смрт била наместена од „удбашки“ агенти поврзани со архијерејското намесништво на Српската православна црква. Така, во ноември 2014 година, неговата внука, Татијана Попоска, која патувала со архиепископот кога се случила несреќата, изразила отворено сомневање дека неговата смрт била намерно предизвикана, поради неговото залагање за обединување на Македонија, искажано во еден негов говор, одржан на гробот на Гоце Делчев. Во прилог на нејзиниот сомнеж, таа го навела и фактот дека возачите на двата камиони што учествувале во незгодата биле осудени на затворски казни од една и четири години, при што отслужиле само мал дел од казните. Архиепископот Ангелариј бил погребан во црквата Црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.[4]

Зад себе, тој го оставил синот Драгослав Крстески. Подоцна, г.г. Ангелариј бил посмртно одликуван со Деветтосептемвриската награда.[4]

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 27. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Пецо Крстески - Даскалот“ Архивирано на 19 април 2016 г., oldprilep
  3. „Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Ангелариј – втор поглавар на возобновената охридска архиепископија – македонска православна црква“. Посетено на 2 јануари 2011.
  4. 4,0 4,1 Љупчо Мургоски, „Владиката Ангелариј ми умре в раце во наместена сообраќајка“[мртва врска], Дневник, година XVIII, број 5614, 11 ноември 2014, стр. 17.

Поврзано

уреди
Претходник
Доситеј II
Архиепископ Охридски и Македонски
1981–1986
Наследник
Гаврил II