КК Лирија е поранешен кошаркарски клуб кој се наоѓал во населбата Чаир во Скопје, Македонија и има настапувано во Првата македонска кошаркарска лига.

КК Лирија
KB Liria
Основан1977; пред 47 години (1977)
Распаднат11 септември 2014; пред 9 години (2014-09-11)
МестоСкопје
Бои на клуботсина и бела
         
ТренерМарјан Илиевски (последен)
Позиција 2013/14
(Прва лига мажи)
Полуфинале
Супер Лига 4ти
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја уреди

Клубот првично бил создаден во 1977 година во основното училиште "Лирија" во Скопје, и поради тоа клубот се вика Лирија. На почетокот во тогашниот состав играле воглавно поранешни и тогашни ученици од тоа училиште. Најголем придонес за клубот има веќе покојниот Ментаз Алајбегу.

По основањето, клубот се натпреварувал во Втората македонска републичка лига, која била во состав на југословенскиот кошаркарски систем. Подоцна се пласирале во Првата македонска републичка лига. Во сезоната 1985/86 клубот се распаднал. Од 2007/08 клубот се обновил, со неколку активирања и паузи во меѓувреме.

Од сезоната 2008/09, клубот почнал со натпреварување во Третата лига и поради добриот успех напреднал во Втората лига за следната сезона. Во сезоната 2009/10 во Втората лига, Лирија завршила на шестото место. За следната сезона, поради откажување на некои прволигашки екипи, Лирија добила вајлд карта заради пополнување на Првата лига.[1] Во сезоната 2010/11 во Првата лига, Лирија завршила на петтото место во Суперлигата, додека во Купот стигнале до четврфиналето. Во 2011/12, екипата стигнала до полуфиналето во Лигата и Купот. Во 2012/13, Лирија завршила на шестото место во Суперлигата, а во Купот до четвртфинале. Во сезоната 2013/14, Лирија за првпат во својата историја играла во финале односно во Купот, каде изгубила од МЗТ Аеродром, додека во Лигата стигнала до полуфиналето каде повторно изгубила од МЗТ Аеродром. За време на полуфиналето против МЗТ Аеродром, Лирија поради ненаоѓање на сопствена сала изгубила службено и така била елиминирана.[2]

Исто така, поради ненаоѓање на сопствен терен, Лирија го откажала своето учество во Првата Лига за сезоната 2014/15 и се распаднала.[3]

Галерија уреди

Поважни поранешни играчи уреди

  •   Синиша Аврамовски
  •    Едмонд Аземи
  •   Винс Голдсбери
  •   Мирослав Деспотовиќ
  •   Милош Ѓуришиќ
  •   Ненад Зивчевиќ
  •   Сезан Ибраимај
  •   Немања Јелесијевиќ
  •   Ѓорѓе Јовановиќ
  •   Бошко Јововиќ
  •   Александар Калањ
  •   Никола Караколев
  •    Морис Картер
  •   Џулиус Колс
  •    Џејмс Лајф
  •   Дарко Матиќ
  •   Марко Мијовиќ

  •   Дастин Мичел
  •    Карлос Морбан
  •   Тајрон Наред
  •   Дејан Неделковски
  •    Алексеј Нешовиќ
  •   Бојан Николовски
  •   Јордан Николовски
  •   Едис Нури
  •    Алекс Овуми
  •    Кирил Павловски
  •   Грег Палмер
  •   Џереми Прајс
  •    Александар Радојевиќ
  •   Балша Радуновиќ
  •   Дарко Радуновиќ
  •   Ерхан Рамадани

Извор:eurobasket.com

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ултимејт Баскет и Лирија добија прволигашка виза“. dnevnik.mk. преку daily.mk. 5 октомври 2010. Посетено на 13 септември 2016.
  2. Лирија не најде соодветна сала, МЗТ службено во финале[мртва врска] ekipa.mk 22 мај 2014
  3. Елитата без Лирија, сезоната стартува на 11 октомври[мртва врска] ekipa.mk 11 септември 2014

Надворешни врски уреди