Јон Ола Санд
Јон Ола Санд (роден на 21 декември 1961) е норвешки телевизиски извршен директор, кој работи за Норвешката радиодифузна корпорација (НРК).
Јон Ола Санд | |
---|---|
Роден(а) | 21 декември 1961 Норвешка |
Националност | норвежанец |
Занимање | телевизиски извршен директор |
Родители | Бјерн Санд Уни Бернхофт |
Роднини | Бјас Бернхофт (дедо) |
Од 2010 година е познат како главен извршен супервизор на Изборот за песна на Евровизија, најстариот меѓународен музички фестивал во светот, а од 2016 година е супервизор, исто така, и на Детскиот избор за песна на Евровизија.
Евровизија
уредиВо 2010, Санд бил назначен за извршен продуцент на 55-тото издание на Евровизија, кое се одржало во Осло, во организација на НРК, и бил одговорен за организирацијата на настанот по победата (во 2009) со белорусинот (натурализиран норвежанец) Александар Рибак.
Подоцна, на 26 ноември 2010 година, Санд бил назначен за извршен супервизор на Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) а со тоа и на Натпреварот за песна на Евровизија, откако Сванте Стокселиус поднесол оставка од функцијата.
Така тој го направил своето деби како извршен супервизор на Евровизија во Диселдорф во 2011 година.[1]
Во 2016 година тој бил назначен за извршен супервизор на Детскиот избор за песна на Евровизија, по отпуштањето на Владислав Јаковлев.[2]
Наводи
уреди- ↑ "ЕБУ", уред. (26 ноември 2010). „Jon Ola Sand new Executive Supervisor“ (англиски). Посетено на 24 мај 2016.
- ↑ eurovision.tv, уред. (13 април 2016). „Malta to host the 14th Junior Eurovision Song Contest!“ (англиски). Посетено на 24 мај 2016.