Деведесет и четврто доделување на наградите Оскар

Деведесет и четвртото доделување на наградите Оскар или Оскари 2022, презентирано од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ги одликуваше најдобрите филмови издадени помеѓу 1 март и 31 декември 2021 година и се одржа во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија на 27 март 2022 година.[2][3] Водители на церемонијата биле Ејми Шумер, Ванда Сајкс и Реџина Хол.[4]

94. доделување на Оскари
Датум27 март 2022
МестоТеатар Долби
Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Водител
Продуцент(и)Вил Пакер
Режисер(и)Глен Вајс
Најистакнати
Најдобар филмКода: Дете на глуви родители
Најмногу наградиДина (6)
Најмногу номинацииМоќта на кучето (12)
Телевизиска покриеност
ТВ КаналABC
Времетраење3 часа и 40 минути[1]
Рејтинзи16.62 милиони [1]
9.0% (Nielsen ratings)

Номинациите за дваесет и три категории биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан.[5] Моќта на кучето заработил номинации во дванаесет категории, а веднаш зад него се нашол Дина, кој заработил номинации во десет категории. Дина бил најуспешен филм со победа во шест категории, зад него, Кода: Дете на глуви родители победил во три категории, вклучително и во категоријата најдобар филм.

Детали за церемонијата

уреди

Поради континуираното влијание на пандемијата од КОВИД-19 на кинематографијата, изменетите критериуми за учество од деведесет и третото доделување на наградите Оскар (како што се вклучувањето на филмови издадени директно на дигитални платформи и обезбедувањето флексибилност за филмови кои биле прикажани во градови покрај Лос Анџелес) останаа на сила. Бидејќи деведесет и третото доделување на наградите Оскар вклучило филмови кои биле издадени до февруари 2021 година, единствено филмови издадени во периодот помеѓу 1 март и 31 декември 2021 година имале право да се натпреваруваат на деведесет и четвртото доделување на наградите Оскар.[6][7]

Гласањето за номинациите било завршено на 1 февруари 2022 година. Номинациите биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан.[5] Церемонијата е планирана да се одржи на 27 март 2022 година во театарот Долби. Било објавено дека датумот е одбран со цел да се избегне судир со Зимските олимписки игри 2022 одржани во Пекинг (кои траеле во периодот 4–20 февруари 2022 година) и Суперболот (кој бил одржан на 13 февруари 2022 година).[6][7] Дополнително, поради влијанието на пандемијата од КОВИД-19 на шеесет и четвртото доделување на Наградите Греми, за прв пат по 1965 година, доделувањето на Наградите Греми ќе се одржи по доделувањето на Наградите на академијата.

Номинации

уреди

Моќта на кучето е првиот филм режиран од жена кој добил повеќе од десет номинации, додека пак неговата режисерка, Џејн Кемпион, е првата жена која добила повеќе од една номинација за Оскар за најдобар режисер.[8] Кода: Дете на глуви родители е првиот филм во продукција на Apple Original Films, и првиот филм со претежно глуви глумци во главните улоги кој е номиниран за Оскар за најдобар филм; меѓу глумечката екипа, Трој Коцур е првиот глув глумец кој добил номинација за награда за глума (во категоријата најдобар глумец во споредна улога). Тој е вториот глув глумец во историјата кој заработил номинација за глума, по Марли Матлин, која освоила Оскар за најдобра глумица за изведбата во Деца на помалиот бог (1986).[9]

Вози ја мојата кола е првиот јапонски филм номинран за најдобар филм, додека пак неговиот режисер Рјусуке Хамагучи, е третиот јапонски режисер номиниран за најдобар режисер.[10] Бегај е првиот филм номиниран истовремено во категориите најдобар анимиран филм, најдобар странски филм и најдобар документарен филм.[11] Кенет Брана е првиот човек кој добил номинации во седум различни категории со добиените номинации за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио за Белфаст.[12]

Приказна од западната страна во режија на Стивен Спилберг е втора адаптација на истоимениот бродвејски мјузикл од 1957 година; првата адаптација добила Оскар за најдобар филм во 1962 година. Со номинацијата за најдобар филм, Спилберг станал индивидуалец со најмногу номинации во категоријата, вкупно единаесет. Номинацијата на Спилберг за најдобар режисер го прави него првиот режисер со номинација во таа категорија во шест последователни декади.[13] Пол Тазевел станал првиот афроамериканец костимограф номиниран за Оскар за најдобра костимографија за неговата работа во Приказна од западната страна.[14] Пица со сладунец на Пол Томас Андерсон е првиот целосно продуциран, рекламиран и дистрибуиран филм на Метро-Голдвин-Мајер кој добил номинација за најдобар филм во 33 години, по добитникот на Оскар за најдобар филм од 1988 година, Дождовен човек.[15]

Со улогите во Не гледај нагоре и Улица на кошмарите, Кејт Бланшет станала првата глумица со улоги во девет номинирани филмови за најдобар филм, надминувајќи ја Оливија де Хевиленд која глумела во осум.[16] Оливија Колман и Џеси Бакли добиле номинации за иста улога во филмот Загубената ќерка, што било само трет пат во историјата две личности да бидат номинирани за изведба на иста улога во ист филм.[17] Номинациите за Кристен Стјуарт (Спенсер) и Аријана ДеБос (Приказна од западната страна) означиле за прв пат две LGBTQ+ глумици да бидат номинирани во иста година.[18] Исто така за прв пат во една година два пара биле номинирани за награди, венчаниот пар Пенелопе Круз и Хавиер Бардем (Круз за Паралелни мајки; Бардем за Да се биде Рикардо), како и верениот пар Кирстен Данст и Џеси Племонс (двајцата за Моќта на кучето); нивните колективни номинации ги опфаќаат сите четири глумечки категории.[19]

Награди

уреди

Победниците ќе бидат подредени први и ќе бидат напишани со задебелени букви.

Најдобар Филм Најдобар режисер
Најдобар глумец во главна улога Најдобра глумица во главна улога
Најдобар глумец во споредна улога Најдобра глумица во споредна улога
Најдобро оригинално сценарио Најдобро адаптирано сценарио
Најдобар анимиран филм Најдобар странски филм
Најдобар документарен филм Најдобар краткометражен документарен филм
Најдобар игран краткометражен филм Најдобар анимиран краткометражен филм
Најдобра оригинална музика Најдобра оригинална песна
Најдобар звук Најдобра сценографија
Најдобра кинематографија Најдобра шминка и фризура
Најдобра костимографија Најдобра монтажа
Најдобри визуелни ефекти

Гувернерски награди

уреди

На 24 јуни 2021 година, Академијата ги објавила победниците на дванаесетите Гувернерски награди.[20][21] Следните награди ќе бидат презентирани:[22]

Добитници на почесен Оскар

  • Самуел Л. Џексон – „Сем Џексон е културна икона чија динамична работа одекнува низ декади, генерации и публики ширум светот“
  • Елејн Меј – „За смелиот, бескомпромисен пристап на Елејн Меј кон снимањето филмови, како сценарист, режисер и глумец“
  • Лив Улман – „Храброста и емоционалната транспарентност на Лив Улман и подарија на публиката длабоко влијателни улоги на екранот“

Хуманитарна награда Џин Хершолт

  • Дени Гловер – „Децениското застапување на Гловер за правда и човекови права ја одразува неговата посветеност да ја препознае нашата заедничка хуманост на и надвор од екранот“

Филмови со повеќе номинации

уреди
Номинации Филм
12 Моќта на кучето
10 Дина
7 Белфаст
Приказна од западната страна
6 Кралот Ричард
4 Не гледај нагоре
Вози ја мојата кола
Улица на кошмарите
3 Да се биде Рикардо
Кода: Дете на глуви родители
Енканто: Нашиот волшебен свет
Бегај
Пица со сладунец
Загубената ќерка
Не е време за умирање
Трагедијата на Макбет
2 Круела
Очите на Тами Феј
Паралелни мајки
Тик, Тик... Бум!
Најлошиот човек на светот

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Porter, Rick (March 28, 2022). „TV Ratings: Oscars Rebound from Historic Lows“. The Hollywood Reporter. Посетено на March 28, 2022.
  2. „Film and TV Projects Going Into Production - 94th Annual Academy Awards“. Variety Insight. Архивирано од изворникот August 31, 2021. Посетено на August 31, 2021.
  3. „The Academy and ABC Set Match 27, 2022 as New Show Date for 94th Oscars®“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. May 26, 2021. Посетено на June 12, 2021.
  4. Hipes, Patrick; Fleming, Mike Jr. (February 14, 2022). „Wanda Sykes, Amy Schumer And Regina Hall To Host Oscars“. Deadline Hollywood. Посетено на February 14, 2022.
  5. 5,0 5,1 Lewis, Hilary (February 3, 2022). „Oscars: Tracee Ellis Ross and Leslie Jordan to Host Nominations Announcement“. The Hollywood Reporter. Посетено на February 3, 2022.
  6. 6,0 6,1 Davis, Clayton (May 27, 2021). „Oscars 2022 Ceremony Moves to Late March, Keeping Pandemic Qualifying Rules and Standard Calendar Year“. Variety. Посетено на May 27, 2021.
  7. 7,0 7,1 Thompson, Anne (May 27, 2021). „Oscars 2022: The Academy Lines Up Dates, Keeps 2021 Pandemic Eligibility Rules“. IndieWire. Архивирано од изворникот May 27, 2021. Посетено на May 27, 2021.
  8. Gonzalez, Sarah (February 8, 2022). „Jane Campion scores her second best director Oscar nomination, making history“. CNN. Посетено на February 10, 2022.
  9. Grobar, Matt (February 8, 2022). 'CODA's Sian Heder Hopes Oscar-Nominated Apple Film's Historic Achievement "Kicks The Door Open" For More Deaf Artists“. Deadline Hollywood. Посетено на February 8, 2022.
  10. Tartaglione, Nancy (February 8, 2022). „Oscars: 'Drive My Car' Makes History As First Japanese Film Nominated For Best Picture“. Deadline Hollywood. Посетено на February 8, 2022.
  11. Amidi, Amid (February 8, 2022). 'Flee' Makes Oscar History With Nominations For Animated Feature, Documentary and International Feature“. Cartoon Brew. Посетено на February 8, 2022.
  12. Davis, Clayton (February 8, 2022). „Kenneth Branagh Becomes First Person Nominated in Seven Oscar Categories“. Variety. Посетено на February 10, 2022.
  13. Tapp, Tom (February 8, 2022). „Steven Spielberg Receives Record 11th Producing Nomination & 8th Directing Nomination For 'West Side Story'. Deadline Hollywood. Посетено на February 10, 2022.
  14. Sun, Rebecca (February 8, 2022). „Oscars: Progress in Diversity Means Fewer Firsts Spread Among More Categories“. The Hollywood Reporter. Посетено на February 8, 2022.
  15. Tartaglione, Nancy (February 9, 2022). „MGM's Michael De Luca & Pam Abdy On Studio's First In-House Best Picture Oscar Nomination In 33 Years, Being "Mildly Psychotically Obsessive" About Movies & What's Ahead – Q&A“. Deadline Hollywood. Посетено на February 10, 2022.
  16. Rosen, Christopher (February 10, 2022). „Cate Blanchett makes Oscars history with 'Don't Look Up' and 'Nightmare Alley' Best Picture nominations“. Gold Derby. Посетено на February 10, 2022.
  17. Rosen, Christopher (February 8, 2022). „Olivia Colman and Jessie Buckley make Oscars history with 'The Lost Daughter' nominations“. Gold Derby. Посетено на February 10, 2022.
  18. Dry, Jude (February 8, 2022). „Kristen Stewart and Ariana DeBose Could Make Gay Oscar Herstory“. IndieWire. Посетено на February 10, 2022.
  19. Evans, Greg (February 8, 2022). „Real-Life Couples Penelope Cruz & Javier Bardem and Kirstin Dunst & Jesse Plemons Make Oscar Nom History; Beyoncé & Jay-Z Get Halfway There“. Deadline Hollywood. Посетено на February 10, 2022.
  20. Nordyke, Kimberly (January 5, 2022). „Grammy Awards Postponed Amid Omicron Surge“. The Hollywood Reporter. Посетено на January 14, 2022.
  21. Hammond, Pete (December 22, 2021). „Motion Picture Academy Postpones January's Governors Awards; No New Date Yet“. Deadline Hollywood. Посетено на January 14, 2022.
  22. Coyle, Jack (June 24, 2021). „Oscars to honor Elaine May, Danny Glover, Samuel L. Jackson“. ABC News. Посетено на June 24, 2021.

Надворешни врски

уреди

Официјални мрежни места

уреди