Џонатан Ричард Гај Гринвуд (роден на 5 ноември 1971) е БАФТА и Греми-номиниран музичар и композитор, најмногу познат како член на англиската музичката група Radiohead. Гринвуд свири на многу инструменти, но најчесто е водечки гитарист и свирач на клавијатура. Освен на гитара и клавијатура, тој свири и на ксилофон, глокеншпил, хармоника, тапани, виола, бенџо и ондес Мартенот. Тој исто така работи на електронската страна од Radiohead, работејќи со комјутерски-создадена музика и семплирање. Гринвуд ја напиша музиката за филмовите „Бодисонг“ и „Ќе има крв“, а е и во постојана соработка со BBC[1]. Тој е помладиот брат на Колин Гринвуд кој му е колега во Radiohead.

Џони Гринвуд
Jonny Greenwood
Животописни податоци
Роден(а)5 ноември 1971(1971-11-05)(53 г.)
Оксфорд, Англија
ЖанровиАлтернативен рок
Електронска музика
Амбиентална музика
ЗанимањаМузичар, текстописец, композитор
ИнструментиГитара
Ондес Мартенот
Клавијатура
Аналоген синтисајзер
Пијано
Орган
Ксилофон
Глокеншпил
Снимач на звук
Хармоника
Тапани
Виола
Бенџо
Период на активност1985-денес
ИздавачиXL, TBD, Sanctuary
СоработнициRadiohead
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Значајни инструменти
Fender Telecaster Plus
Fender Starcaster
Ондес Мартенот


Наводи

уреди
  1. „Jonny Greenwood - BBC commission“. BBC. 2005-04-26. Посетено на 2009-03-22. (англиски)

Надворешни врски

уреди