Оскар за најдобро адаптирано сценарио
филмска награда
Оскар за најдобро адаптирано сценарио (анг: Academy Award for Writing Adapted Screenplay) ― Награда од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) за најдобро сценарио прилагодено за филм од претходно постоечки материјал. Најчесто прилагодувани медиуми се романите, но често се адаптираат и други наративни формати како театарски претстави, мјузикли, раскази, ТВ серии, па дури и други филмови и филмски ликови. Според овој стандард сите продолженија од еден филм исто така се сметаат за адаптации (врз основа на приказната и ликовите од оригиналниот филм).
Оскар за најдобро адаптирано сценарио | |
---|---|
Држава | Соединети Американски Држави |
Доделува | Академија за филмски уметности и науки |
Мрежно место | http://www.oscars.org |
Порано оваа награда била позната како Оскар за најдобро сценарио засновано на материјал од друг медиум.[1] [2]
Наводи
уреди- ↑ „Academy Awards Best Screenplays and Writers“.
- ↑ „Oscar Week: Best Adapted Screenplay“. 21 February 2008.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |