Вилард Кристофер "Вил" Смит Џуниор (роден на 25 септември 1968)[1] - американски актер, филмски продуцент и поп рапер.

Вил Смит
Will Smith
Смит во мај 2010 година
Роден(а)Вилард Кристофер "Вил" Смит Џуниор
25 септември 1968(1968-09-25)(56 г.)
Западна Филаделфија, Пенсилванија, САД
Други имињаThe Fresh Prince
Занимањеглумец, рапер, филмски продуцент, телевизиски продуцент
Активен1985–денес
Мреж. местоhttp://www.willsmith.com/

Животопис

уреди

Кариера

уреди

Во доцните 1980-ти, Смит постигнал слава како дел од хип-хоп дуото „Диџеј Џези Џеф енд д Фреш Принс“, по што снимил и телевизиска хумористична серија со наслов „Фреш Принс од Бел-ер“. Во светот на филмот, Смит влегол играјќи во акциски комедии од типот на „Лоши момци“, „Ден на независноста“ и „Луѓе во црно“. Во 2001 година, на изненадување на филмската јавност, тој го играл ликот на Мухамед Али во филмот „Али“ и за таа улога бил номиниран за наградата „Оскар“. Во 2007 година, тој повторно бил номиниран за „Окскар“, овојпат за улогата во драмата „Потрага по среќа“ во кој играл самохран татко-бездомник.[2]
Во април 2007 година, „Њусвик“ го нарекол како еден од најмоќните глумци на планетата. Тој е единствениот глумец во историјата кој имал осум последователни филмови чиј буџет изнесувал над 100 милиони долари.

Наводи

уреди
  1. Ankeny, Jason. „Will Smith > Overview“. Allmusic. Посетено на June 30, 2010.
  2. Наташа Спирова-Серафимова, „Голдберг блесна како малтретирана жена, а Фокс како Реј Чарлс“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 10-11.