Ендру Гарфилд
Ендру Расел Гарфилд (роден на 20 август 1983 г.)[2][3] — американско-британски глумец.[4][5][6][7] Роден во Лос Анџелес и израснат во Епсом, Гарфилд ја започнал својата кариера во британскиот театар и во телевизиски продукции. Својата прва улога во долгометражен филм тој ја добил во 2007 година во филмот Глинени гулаби. Гарфилд го привлекол вниманието на светската јавност во 2010 година толкувајќи го Едуардо Саверин во драма филмот Друштвена мрежа, улога за која добил номинации за наградите Златен глобус и БАФТА, а за улогата во филмот Не дозволувај да одам ja добил наградата Сатурн.
Ендру Гарфилд | |
---|---|
Гарфилд во 2014 година | |
Роден(а) | Ендру Расел Гарфилд 20 август 1983 Лос Анџелес, Калифорнија |
Државјанство | Американско и Британско |
Алма матер | Лондонски универзитет[1] |
Занимање | Глумец |
Активен период | 2004–сè уште |
Гарфилд подоцна добил пофалби за неговата изведба на човекот-пајак во суперхеројскиот филм Неверојатниот Спајдермен (2012). Тој исто така глумел во театар, играјќи го Биф во Бродвејската продукција на претставата Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година, улога која му донела номинација за наградата Тони за најдобар глумец. Во 2014 година, тој бил ко-продуцент и глумец во трилер драмата 99 домови. Во 2016 година, Гарфилд се појавил во два успешни историски филмови: Тишина на Мартин Скорсезе и Гребен на спасените на Мел Гибсон. Неговата изведба на Дезмонд Дос во Гребен на спасените му донела номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар глумец.
Филмографија
уредиФилм
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2005 | Мамбо Џамбо | Симо | Краткометражен филм |
2007 | Глинени гулаби | Тод Хајс | |
2007 | Момче А | Џек Буриџ / Ерик Вилсон | |
2008 | Другата девојка од Болејнови | Френсис Вестон | |
2009 | Имагинариумот на Доктор Парнасус | Антон | |
2009 | Воздух | Том | Краткометражен филм |
2010 | Тука сум | Шелдон | Краткометражен филм |
2010 | Не дозволувај да одам | Томи | |
2010 | Друштвена мрежа | Едуардо Саверин | |
2012 | Неверојатниот Спајдермен | Питер Паркер / Спајдермен | |
2014 | Неверојатниот Спајдермен 2 | Питер Паркер / Спајдермен | |
2014 | 99 домови | Денис Неш | Исто така и продуцент |
2016 | Гребен на спасените | Дезмонд Дос | |
2016 | Тишина | Отец Себастијао Родригес | |
2017 | Диши | Робин Кевендиш | Постпродукција |
2017 | Под Сребреното Езеро | Постпродукција |
Наводи
уреди- ↑ „High Profile Alumni“. The Royal Central School of Speech and Drama. Посетено на 1 June 2015.
- ↑ „Andrew Garfield“. Hollywood.com. Посетено на 10 May 2016.
- ↑ „The Birth of Andrew Garfield“. California Birth Index. Посетено на 31 March 2014.
- ↑ „Andrew Garfield on The Amazing Spider-Man: interview“. GamesRadar. 3 July 2012. Посетено на 5 June 2015.
- ↑ „The Amazing Spider-Man 2 actor Andrew Garfield is his own harshest critic“. News.com.au. 13 April 2014. Архивирано од изворникот на 2015-04-10. Посетено на 3 January 2015.
- ↑ „Andrew Garfield—The Social Network, The Amazing Spider-Man—9/20/10“. GrouchoReviews.com. 20 September 2010. Посетено на 3 January 2015.
- ↑ „Spider-Baby alert: Andrew Garfield feels the 'need to procreate'“. Yahoo! Movies Singapore. 28 March 2014. Посетено на 3 January 2015.
Надворешни врски
уреди„Ендру Гарфилд“ на Ризницата ? |
- Ендру Гарфилд на Семрежната филмска база на податоци (англиски)