Оскар за најдобар анимиран филм

Оскарот за најдобар анимиран филм е награда која ја доделува Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) годишно за најдобриот анимиран филм, кој од Академијата е дефиниран како филм кој трае подолго од 40 минути, ликовите се создадени со помош на технниката кадар-по-кадар, содржи значаен број на анимирани ликови и најмалку 75 проценти од времетраењето на филмот вклучува анимација. Наградата првпат била доделена за филмови направени во 2001 година.

Оскар за најдобар анимиран филм
Се доделува заНајдобар анимиран филм кој трае подолго од 40 минути, значаен број на главни ликови се анимирани и најмалку 75% од времетраењето на филмот вклучува анимација.
Земја САД
ДоделуваАкадемија за филмски уметности и науки
Прво доделување2001
Тековен лауреатЗоотропола (2016)
Мреж. местоoscars.org

Номинираните филмови за Оскар и победниците се избираат од страна на членовите на АМПАС. Доколку има шеснаесет или повеќе поднесени филмови, победникот се изгласува од потесен избор од пет филмови, во спротивно во потесен избор влегуваат три филмови.[1] Дополнително, осум подобни анимирани филмови мораат да бидат издадени во округот Лос Анџелес во рамките на календарската година за оваа категорија да биде активирана.

Анимираните филмови можат да бидат номинирани и во други категории, но тоа е ретко; Убавицата и ѕверот (1991) бил прв филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Нагоре (2009) и Приказна за играчките 3 (2010) исто така добиле номинации за најдобар филм откако Академијата го зголемила бројот на номинирани филмови.

Валцер со Башир (2008) е единствениот анимиран филм воопшто номиниран за Оскар за најдобар странски филм (и покрај тоа што не успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм). Ноќта пред Божиќ (1993) и Кубо и двете жици (2016) се единствените анимирани филмови номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Победници и номинацииУреди

2000.Уреди

Година Победник Номинирани Нав.
2001 Шрек
Арон Варнер
[2]
2002 Авантурите на малечката Чихиро
Хајао Мијазаки
[3]
2003 Барајќи го Немо
Ендру Стентон
[4]
2004 Спасители
Бред Бирд
[5]
2005 Валас и Громит: Големата завера на зајците
Ник Парк и Стив Бокс
[6]
2006 Танцот на пингвините
Џорџ Милер
[7]
2007 Рататуи
Бред Бирд
[8]
2008 Воли
Ендру Стентон
[9]
2009 Нагоре
Пит Доктер
[10]

2010.Уреди

Година Победник Номинирани Нав.
2010 Приказна за играчките 3
Ли Ункрих
[11]
2011 Ранго
Гор Вербински
[12]
2012 Храбрата Мерида
Марк Ендрус и Бренда Чапман
[13]
2013 Снежно кралство
Крис Бак, Џенифер Ли и Питер Дел Вечо
[14]
2014 Екипа за 6
Дон Хол, Крис Вилијамс и Рој Конли
[15]
2015 Опаку наопаку
Пит Доктер и Џонас Ривера
[16]
2016 Зоотропола
Бајрон Хауард, Рич Мур и Кларк Спенсер
[17]
2017 Коко и големата тајна
Ли Анкрич и Дарла К. Андерсон
[18]

НаводиУреди

  1. „Rule Seven: Special Rules for the Animated Feature Film Award“. Академија за филмски уметности и науки. Архивирано од изворникот на June 5, 2011. Посетено на April 26, 2011.
  2. „74th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  3. „75th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  4. „76th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  5. „77th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  6. „78th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  7. „79th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  8. „80th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  9. „81st Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  10. „82nd Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  11. „83rd Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  12. „84th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на November 28, 2012.
  13. „85th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 16, 2014.
  14. „86th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 16, 2014.
  15. „87th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 15, 2015.
  16. „88th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 14, 2016.
  17. „89th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 24, 2017.
  18. „90th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. Посетено на January 23, 2018.

Надворешни врскиУреди