Моќта на кучето (филм)

филм од 2021 година на Џејн Кемпион

Моќта на кучето (англиски: The Power of the Dog) — меѓународно продуциран филм од 2021 година во режија на Џејн Кемпион, заснован на истоимениот роман од 1967 година на Томас Севиџ. Во главните улоги се појавуваат Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст, Џеси Племенс и Коди Смит-Мекфи. Снимен претежно низ руралните средини на Отаго, филмот е меѓународна ко-продукција помеѓу Нов Зеланд, Грција, Обединетото Кралство, САД и Австралија. Моќта на кучето покрива теми како љубов, тага, огорченост, љубомора, мажественост и сексуалност.

„Моќта на кучето“
РежисерЏејн Кемпион
Продуцент
СценаристЏејн Кемпион
Главни улоги
МузикаЏони Гринвуд
КинематографијаАри Вегнер
МонтажаПитер Шиберас
Студио
Дистрибутер
Премиера2 септември 2021 (2021-09-02) (Венеција)
11 ноември 2021 (2021-11-11) (Австралија и Нов Зеланд)
17 ноември 2021 (2021-11-17) (Обединето Кралство и САД)
Времетраење126 минути[1]
Земја
Јазиканглиски
Буџет35–39 милиони долари[3]
Бруто заработка388,924 долари[4][5]

Филмот премиерно бил прикажан на 78. издание на венецијанскиот филмски фестивал на 2 септември 2021 година каде што Кемпион ја добила наградата Сребрен лав за најдобра режија. Филмот имал ограничено прикажување низ кино салите во ноември 2021 година и бил издаден во светски рамки на Нетфликс на 1 декември 2021 година. Моќта на кучето се здобил со универзално признание од критичарите, кои ја пофалиле режијата и сценариото на Кемпион, кинематографијата, музиката и изведбите на четирите главни глумци. Оценет како еден од најдобрите филмови за 2021 година, Моќта на кучето бил вброен меѓу најдобрите 10 десет филмови на годината од страна на голем број на критичари.

Моќта на кучето заработил бројни номинации и награди, вклучително водечки 12 номинации на 94. доделување на наградите Оскар, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер за Кемпион, најдобар глумец за Камбербач, најдобар глумец во споредна улога за Племенс и за Смит-Мекфи и најдобра глумица во споредна улога за Данст. Филмот заработил седум номинации на 79. доделување на наградите Златен Глобус, победувајќи во категориите најдобар филм – драма, најдобар спореден глумец (Смит-Мекфи) и најдобар режисер (Кемпион). Моќта на кучето бил вброен во најдобрите десет филмови за 2021 година од страна на американскиот филмски институт.

Улоги

уреди

Продукција

уреди

Заднина

уреди

На почетокот на 2017 година, режисерот и сценарист Џејн Кемпион, штотуку завршувајќи го снимањето на втората сезона од серијата На врвот на езерото, добила примерок од романот на Томас Севиџ, Моќта на кучето од 1967 година од нејзината маќеа, Џудит. Кемпион била воодушевена од книгата и започнала да ги бара филмските права. Таа и продуцентката Тања Сегачјан на крајот ги добиле правата од канадскиот продуцент Роџер Фрапиер откако се сретнале со него на канскиот филмски фестивал во 2017 година.[6][7] Според Кемпион, за романот пет пати претходно се размислувало да биде екранизиран, но тоа никогаш не се случило.[7] Пол Њуман бил меѓу оние кои се обиделе да ја адаптираат книгата.[8]

Додека работела на сценариото, Кемпион комуницирала со авторката Ени Пру, која го напишала поговорот во изданието од 2001 година на романот на Севиџ.[9][10] По завршувањето на првиот нацрт, Кемпион го посетила ранчот на Севиџ во Монтана, се сретнала со членови на неговото семејство и се консултирала со експерт за Севиџ од Универзитетот Монтана Вестерн во Дилон.[6] Кемпион не била во можност да снима во Монтана поради проблеми со буџетот, и наместо тоа одлучила да снима во нејзиниот роден Нов Зеланд.[7] Кинематографот Ари Вегнер и сценографот Грант Мејџор на крајот се одлучила за локација во Отаго на новозеландскиот Јужен Остров, неколку месеци пред почетокот на снимањето на филмот во 2020 година.[6]

Развој и поделба на улоги

уреди

Во мај 2019 година било објавено дека Кемпион ќе биде сценарист и режисер на филмот со Бенедикт Камбербач и Елизабет Мос во главните улоги.[11] Пол Дејно започнал преговори да се приклучи на филмот во септември.[12] Тој бил потврден дека ќе глуми следниот месец, додека пак Кирстен Данст ја заменила Мос за нејзината улога.[13] Сепак, до ноември, Дејно исто така се откажал поради конфликти во распоредот со Бетмен. Џеси Племонс, на кого му било првично понудена улогата пред Дејно, бил избран да го замени него.[14] Во февруари 2020 година, Коди Смит-Мекфи, Томасин Мекензи, Кит Карадин, Франсес Конрој, Питер Керол и Адам Бич биле потврдени дека ќе глумат во филмот.[15]

Кемпион го имала во умот Бенедикт Камбербач за улогата на Фил Бурбанк.[7] Тој најпрво го привлекол вниманието на Кемпион во телевизиската серија Крај на парадата.[10] За да се подготви за улогата, Камбербач направил истражување на експедицијата на Луис и Кларк и извесно време работел на ранч со добиток близу националниот парк Глејшер во Монтана.[6] Тој присуствувал на тринеделна обука за јавање коњи, фрлање јаже, кастрирање бикови и свирење бенџо.[10][16]

Снимање

уреди

Снимањето на филмот започнало во Нов Зеланд во јануари 2020 година во Маниотото во Отаго, а исто така се одвивало во крајбрежниот град Данедин и во градот Оамару.[17][18][19] Снимањето на филмот било прекинато во март 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19.[6] Откако бил направен исклучок за глумците и екипата, снимањето продолжило во јуни 2020 година.[20] Сите сцени на затворено во филмот биле снимени на филмски сет во Оукленд за време на последните недели од снимањето. Снимањето на филмот било завршено во јули 2020 година.[6]

Издавање

уреди

Моќта на кучето својата светска премиера ја имал на 78. издание на венецијанскиот филмски фестивал на 2 септември 2021 година, и исто така бил специјално прикажан на филмските фестивали во Торонто и Телјурајд истиот месец.[21][22] До крајот на неговото прикажување, филмот бил прикажан на филмските фестивали во Шарлотсвил,[23] Лондон,[24] Мидлбург,[25] Мил Вали,[26] Монтклер,[27] Њујорк,[28] Сан Диего,[29] Сан Себастијан,[30] Савана,[31] и Цирих.[32] Филмот бил прикажан на 78. издание на меѓународниот филмски фестивал на Индија во ноември.[33]

Филмот имал ограничено прикажување во кината во Австралија и Нов Зеланд, почнувајќи на 11 ноември, со кино дистрибуција во двете земји управувана од Transmission Films.[34] Филмот започнал со ограничено прикажување низ кината во САД и Обединетото Кралство на 17 ноември 2021 година.[35][36] Моќта на кучето бил издаден во светски рамки на Нетфликс на 1 декември 2021 година[36] Документарниот филм Зад сцените со Џејн Кемпион бил исто така издаден на Нетфликс во светски рамки на 27 јануари 2022 година.[37]

Наводи

уреди
  1. „The Power of the Dog“. Венецијански филмски фестивал. July 16, 2021. Посетено на July 26, 2021.
  2. Romney, Jonathan (September 3, 2021). 'The Power Of The Dog': Venice Review“. Посетено на December 24, 2021.
  3. Thompson, Anne (January 10, 2022). 'The Power of the Dog': Why Jane Campion Will Become the Third Woman to Win the Directing Oscar“. Indie Wire. Посетено на January 10, 2022.
  4. „The Power of the Dog“. Box Office Mojo.
  5. „The Power of the Dog (2021) - Financial Information“. The Numbers. Посетено на March 12, 2022.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Galuppo, Mia (December 6, 2021). „Making of 'Power of the Dog': How Dame Jane Campion Stayed on Track Despite an Extended COVID Shutdown“. The Hollywood Reporter. Посетено на January 1, 2022.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Turan, Kenneth (December 1, 2021). „Jane Campion explains her enigmatic career choices: 'I'm careful about the bones I care to chew on'. Los Angeles Times. Посетено на January 1, 2022.
  8. Topel, Fred (November 14, 2021). „Jane Campion And Benedict Cumberbatch Channeled Paul Newman For 'The Power Of The Dog' – Contenders L.A.“. Deadline Hollywood. Посетено на January 1, 2022.
  9. Kisner, Jordan (November 16, 2021). „Inside Jane Campion's Cinema of Tenderness and Brutality“. The New York Times. Посетено на January 1, 2022.
  10. 10,0 10,1 10,2 Thompson, Anne (December 4, 2021). 'The Power of the Dog': Why Jane Campion Will Become the Third Woman to Win the Directing Oscar“. IndieWire. Посетено на January 1, 2022.
  11. Kroll, Justin (May 6, 2019). „Benedict Cumberbatch, Elisabeth Moss to Star in Dame Jane Campion's New Film (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на January 25, 2020.
  12. Kroll, Justin (September 29, 2019). „Paul Dano in Talks to Join Jane Campion's 'The Power of the Dog' (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на January 25, 2020.
  13. Kroll, Justin (October 8, 2019). „Kirsten Dunst to Replace Elisabeth Moss in Benedict Cumberbatch's 'Power of the Dog' (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на January 25, 2020.
  14. Kroll, Justin (November 21, 2019). „Jesse Plemons Joins Benedict Cumberbatch in Jane Campion's 'Power of the Dog' (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на January 25, 2020.
  15. N'Duka, Amanda (February 12, 2020). 'The Power Of The Dog': 'Jojo Rabbit's Thomasin McKenzie, Kodi Smit-McPhee & More Join Benedict Cumberbatch In Netflix Drama“. Deadline Hollywood. Посетено на February 12, 2020.
  16. Sharf, Zack (November 10, 2021). „Benedict Cumberbatch Smoked So Much Filming 'Power of the Dog' He Got Nicotine Poisoning 3 Times“. IndieWire. Посетено на January 1, 2022.
  17. „Work starts on Netflix drama in Maniototo“. Otago Daily Times. 10 January 2020. Посетено на 25 January 2020.
  18. „Campion film set arrives in Dunedin“. Otago Daily Times. 6 March 2020. Посетено на 6 March 2020.
  19. „Hollywood star spotted on Oamaru film set“. Otago Daily Times. 5 March 2020. Посетено на 14 December 2021.
  20. Hunt, Tom (June 18, 2020). „Jane Campion movie starring Cumberbatch, Dunst is second film allowed in“. Stuff. Посетено на June 18, 2020.
  21. Vivarelli, Nick (July 26, 2021). „Venice Film Festival Full Lineup Unveiled – Live Updates“. Variety. Посетено на July 26, 2021.
  22. Hammond, Pete (September 1, 2021). „Telluride Film Festival: Will Smith's 'King Richard', Peter Dinklage Musical 'Cyrano', Joaquin Phoenix In 'C'mon C'mon', Ken Branagh's 'Belfast' Set To Premiere“. Deadline. Посетено на September 2, 2021.
  23. Marcilla, Max. „Virginia Film Festival returns to in-person events in October“. NBC29 (англиски). Посетено на 2021-10-08.
  24. Yossman, K. J. (2021-08-19). „Benedict Cumberbatch Film 'The Power of the Dog' to Headline BFI London Film Festival Gala“. Variety (англиски). Посетено на 2021-09-18.
  25. Johnson, Mark (2021-09-23). „The Middleburg Film Festival Announces First Films in 2021 Lineup“. Awardsdaily - The Oscars, the Films and everything in between. (англиски). Архивирано од изворникот 2021-09-24. Посетено на 2021-09-24.
  26. Rubin, Gideon (2021-09-09). „Mill Valley Film Festival Award To Go To 'Belfast' Star: Report“. Mill Valley, CA Patch (англиски). Посетено на 2021-09-18.
  27. George, Liz (2021-09-17). „Montclair Film Festival To Open with Wes Anderson's The French Dispatch“. Baristanet (англиски). Посетено на 2021-09-18.
  28. Hayes, Dade (July 27, 2021). „Jane Campion's 'The Power Of The Dog' Chosen As New York Film Festival Centerpiece“. Deadline Hollywood. Посетено на July 27, 2021.
  29. „The Power of the Dog“. San Diego International Film Festival (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-09-18. Посетено на 2021-09-18.
  30. „Jane Campion's 'THE POWER OF THE DOG' to compete at San Sebastian Film Festival“. HLA Management Australia (англиски). 2021-08-30. Посетено на 2021-09-18.
  31. „The Power of the Dog“. SCAD Savannah Film Festival (англиски). Посетено на 2021-10-08.
  32. The Power of the Dog - Zurich Film Festival (германски), Посетено на 2021-09-18
  33. „In hybrid format, IFFI plans to draw big names and movies“. The Indian Express. 23 October 2021. Посетено на 31 October 2021.
  34. „The Power of the Dog“. New Zealand Film Commission. Посетено на November 5, 2021.
  35. Fleming, Mike Jr. (August 23, 2021). „Netflix Dates Fall Movies: A Whopping 42 Movies Coming At You“. Deadline Hollywood. Посетено на August 23, 2021.
  36. 36,0 36,1 Canfeld, David (August 23, 2021). „Jane Campion Finally Made a New Movie. She Gave It "Everything". Vanity Fair. Посетено на August 23, 2021.
  37. 'The Power of the Dog' Behind-The-Scenes Documentary Arrives on Netflix“. What's on Netflix. January 27, 2022.

Надворешни врски

уреди