Двокружен систем е метод на гласање што се користи за избор на еден единствен кандидат, каде што гласачите даваат еден глас за својот претпочитан кандидат. Според двокружниот систем, изборниот процес обично продолжува во втор круг само ако во првиот круг ниту еден кандидат не добил апсолутно мнозинство (повеќе од 50%) од гласовите, или некој помал пропишан процент.[1] Обично само двајцата кандидати кои добиле најголем број на гласови во првиот круг, или само оние кандидати кои добиле гласови над пропишаниот број, продолжуваат во вториот круг. Останатите кандидати се исклучени во вториот круг.

Пример за гласање во два круга, каде што само двајца кандидати продолжуваат во вториот круг.

Двокружниот систем нашироко се користи при изборот на законодавни тела и директно избрани претседатели, како и во други контексти, како на пример при изборот на лидери на политички партии или во рамките на компании.

Вториот круг на гласање мора да се одржи откако ќе има доволно време да се пребројат и да се потврдат резултатите од првиот круг. Вториот круг може да се одржи истиот ден во помали средини, или до еден месец подоцна, како во американската држава Џорџија. Во Франција обично има растојание од две недели помеѓу првиот и вториот круг.

Примена

уреди

Двокружниот систем е најчестиот систем кој се користи во изборот на шефови на држави (претседатели) во светот, при што во вкупно 84 држави шефот на државата се избира на непосредни избори во два круга, а во 21 држава се избира во еден круг со просто мнозинство.[2]

Шефови на држави кои се избираат на непосредни избори со двокружен систем

уреди

[3]

Законодавни домови исклучиво избрани во двокружен систем во едночлени изборни окрузи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Two-Round System“. Electoral Reform Society. Посетено на 7 Nov 2019.
  2. „IDEA Electoral system database“. Архивирано од изворникот на 2023-03-25. Посетено на 2024-04-22.
  3. „Togo changes law to let president stand for two more terms“.