Атирау
Атирау (казашки: Атырау, Atyraýأتيرا و; руски: Атырау), познат до 1991 година како Гурјев (руски: Гурьев), е град во Казахстан и главен град на регионот Атирау. Атирау е трансконтинентален град во Евроазија, кој се наоѓа на устието на реката Урал на Каспиското Море, 2.700 километри западно од Алмати и 351 километар источно од рускиот град Астрахан.
Атирау Атырау | ||
---|---|---|
Град | ||
| ||
Локација на Атирау во Казахстан | ||
Координати: | ||
Земја | Казахстан | |
Регион | Атирауска област | |
Основан | 1640 | |
Статус на град | 1885 | |
Управа | ||
• Akim (Градоначалник) | Каират Уразбајев | |
Површина | ||
• Град | 3.500 км2 (1,400 ми2) | |
Надм. вис. | −20 м | |
Население (2020) | ||
• Град | 290.700 | |
• Метро | 355.117 | |
Час. појас | UTC+5 (UTC+5) | |
Пошт. бр. | 060001 - 060011 | |
Повик. бр. | (+7) 7122 | |
Рег. таб. | E, 06 | |
Мреж. место | atyrau.gov.kz/index.php/en/ |
Атирау е позната по својата индустрија за нафта и гас. Има 290.700 жители (2020 година), од кои 90% се етнички Казахстанци, а останатите се претежно Руси и други етнички групи како што се Татари и Украинци.
Историја
уредиДрвената тврдина на устието на реката Урал е основана во 1645 година како Нижни Јаицки городок (буквално, Долна Јаик тврдина ) од страна на рускиот трговец Гури Назаров, роден во Јарослав. Тврдината била ограбена од Уралските Козаци, што довело семејството Гуриев да ја обнови тврдината во камен (1647–62). Цар Алексеј испратил гарнизон за да ја заштити тврдината од козачките упади. И покрај овие напори, козачкиот бунтовник Степан Разин го држел градот под своја контрола во 1667 и 1668 година. Тврдината постепено го губи своето стратешко значење и е срушена во 1810 година. Помеѓу 1708 и 1992 година градот бил познат како Гурјев . Казахстанското име Атирау значи „ речна делта “.
Географија
уредиАтирау (заедно со Актау ) е главниот пристаништен град на Казахстан на Каспиското Море. Градот Атирау е околу 20 метри под нивото на морето. Градот се смета дека се наоѓа и во Азија и во Европа, бидејќи е поделен од реката Урал, која според преовладувачкото научно мислење, служи како граница помеѓу континентите.
Градот е центар на богатата со нафта Прикасписка Низина. Нафтовод поминува од Атирау до Самара, каде што се приклучува на рускиот гасоводен систем. Посебен нафтовод поминува од полето Тенгиз до руското црноморско пристаниште Новоросииск.
Клима
уредиКлимата на Атирау е полусушна со топли лета и студени зими. Врнежите се мали во текот на целата година. Снегот е вообичаен, иако слаб во зима. Најниската регистрирана температура е −37,9 °C, регистрирана во 1909 година, а највисоката температура е 42,7 °C, евидентирана во 1984.[1]
Климатски податоци за Атирау | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 10.5 (50.9) |
15.0 (59) |
26.3 (79.3) |
32.5 (90.5) |
38.0 (100.4) |
41.9 (107.4) |
42.7 (108.9) |
41.9 (107.4) |
40.1 (104.2) |
29.6 (85.3) |
19.9 (67.8) |
11.8 (53.2) |
42.7 (108.9) |
Прос. висока °C (°F) | −2.8 (27) |
−1.8 (28.8) |
5.8 (42.4) |
17.2 (63) |
24.5 (76.1) |
30.8 (87.4) |
33.4 (92.1) |
31.6 (88.9) |
24.6 (76.3) |
15.3 (59.5) |
5.1 (41.2) |
−1.1 (30) |
15.2 (59.4) |
Сред. дневна °C (°F) | −6.4 (20.5) |
−6.3 (20.7) |
0.8 (33.4) |
11.2 (52.2) |
18.4 (65.1) |
24.5 (76.1) |
26.8 (80.2) |
24.8 (76.6) |
18.0 (64.4) |
9.7 (49.5) |
1.3 (34.3) |
−4.3 (24.3) |
9.9 (49.8) |
Прос. ниска °C (°F) | −9.4 (15.1) |
−9.9 (14.2) |
−3.1 (26.4) |
6.1 (43) |
12.8 (55) |
18.4 (65.1) |
20.5 (68.9) |
18.5 (65.3) |
12.3 (54.1) |
5.0 (41) |
−1.7 (28.9) |
−7.0 (19.4) |
5.2 (41.4) |
Најниска забележана °C (°F) | −37.9 (−36.2) |
−37.4 (−35.3) |
−32.3 (−26.1) |
−12.3 (9.9) |
−2.3 (27.9) |
2.3 (36.1) |
8.1 (46.6) |
4.8 (40.6) |
−5.7 (21.7) |
−15.7 (3.7) |
−29.8 (−21.6) |
−35.8 (−32.4) |
−37.9 (−36.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 14 (0.55) |
12 (0.47) |
15 (0.59) |
16 (0.63) |
23 (0.91) |
18 (0.71) |
10 (0.39) |
12 (0.47) |
8 (0.31) |
16 (0.63) |
18 (0.71) |
14 (0.55) |
176 (6.93) |
Прос. бр. дождливи денови | 4 | 4 | 6 | 8 | 9 | 7 | 6 | 5 | 5 | 8 | 10 | 6 | 78 |
Прос. бр. снежни денови | 14 | 11 | 7 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 5 | 11 | 50 |
Прос. релативна влажност (%) | 84 | 80 | 74 | 58 | 50 | 45 | 45 | 46 | 52 | 64 | 80 | 84 | 64 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 98 | 138 | 167 | 245 | 311 | 330 | 343 | 323 | 267 | 196 | 105 | 75 | 2.598 |
Извор: NOAA (sun, 1961–1990)[2] |
Население
уредиНа почетокот на 2020 година, во градот има 290.700 жители, додека заедно со околните места и руралните средини бројот изнесува 355.117 луѓе.
Етнички состав
уредиЕтничкиот состав на жителите на Атирау (на почетокот на 2020 година):
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Казаци | 313 534 | 88.29 |
Руси | 29 466 | 8.30 |
Корејци | 2 987 | 0.84 |
Татари | 1 934 | 0.54 |
Узбеци | 1 320 | 0.37 |
Украинци | 709 | 0.20 |
Каракалпаци | 700 | 0.20 |
други | 4 467 | 1.25 |
вкупно | 355 117 | 100.00 |
Индустрија
уредиНафтена индустрија
уредиТретата најголема рафинерија во Казахстан се наоѓа во Атирау. Рафинеријата е управувана од компанијата „KazMunayGas“ и има капацитет од 16.600 м³ / ден. Во изградба е последната фаза од целосната реконструкција на рафинеријата, проект дизајниран да преработува 2,4 милиони тони суровини годишно.[3]
Спорт
уредиГрадот е дом на кошаркарскиот тим Б.Ц. Барси Атирау. Тимот се натпреварува на меѓународниот Куп на шампиони на ФИБА Азија и во кошаркарското првенство на Казахстан. Своите домашни натпревари ги игра во комплексот за спорт и рекреација Атирау.
Галерија
уреди-
Катедрала во Атирау
-
Аеродромот
-
Филхармонија Атирау
-
Палата Атирау
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Климат Атырау - Погода и климат“. www.pogodaiklimat.ru. Посетено на 2020-11-08.
- ↑ „Atyrary (Atyrau) Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 13 May 2015.
- ↑ „Japanese Banks Provide $297.5 million Loan to Atyrau Oil Refinery - The Gazette of Central Asia“. gca.satrapia.com. Посетено на 2020-11-08.