Грамошта

планина во западниот дел на Егејска Македонија
(Пренасочено од Грамос)

Грамошта или Грамушта[2] (на костурски дијалект: Грамушча; грчки: Γράμμος, Грамос; порано: Γράμμοστα, Грамоста; албански: Gramoz, влашки: Gramosta, Грамоста) — погранична планина меѓу Егејска Македонија (денес во Грција) и Албанија, често позната под грцизираниот назив „Грамос“.

Грамошта
Γράμμος
Јужната страна на Грамошта
Највисока точка
Надм. вис.2520 м [1]
Друго имеΓράμμος
Географија
Грамошта на карта

Карта

Местојугоисточна Албанија, западна Егејска Македонија (денес во Грција)

Орографија

уреди

Грамошта го сочинува најсеверниот дел од планинскиот венец на Пинд на грчка територија. Највисок врв е Чукарец (Τσούκα Πέτσικ), со 2.520 м. Се состои од две планински била, кои се собираат под прав агол. Првото ја означува границата со Албанија, со врвовите Црн Камен (Μαύρη Πέτρα, Маври Петра, 2.461 м), Голио Врв (Γκόλιο, 1.934 м) и Каменик (Κάμενικ, 2.043 м). Другото било ги дели окрузите Јанина и Костур и има источна насоченост. Него го бележат врвовите Перифано (Περήφανο, 2.442 м), Гесо (Γκέσο, 2.166 м) — Голем Човек (Επάνω Αρρένα, Епано Арена, 2.192 м) и Мал Човек (Κάτω Αρρένα, Като Арена, 2.075 м). На врвот Гесо е поставен споменик во чест на загинатите владини војници во Битката на Грамошта (1949). На југ Коничка Река (Сарандапоро) ја дели Грамошта од планината Смолика (2.637 м) — втора по височина во Егејска Македонија и цела Грција. На исток притоките на Бистрица ја делат Грамошта од планината од Корбец. Меѓу планинските била се образуваат три забележителни долини со помали населени места. Тоа се долините на с. Грамошта во Костурско и тие на с. Денско и с. Пеликат во Јанинско. Водите од првата долина се слеваат во Бистрица, како нејзини изворници, а водите од другите долини се слеваат во Коница.[3]

Близу до границата со Албанија е сместено највисокото и најголемото планинско езеро во Егејска Македонија и Грција, наречено Гиздово (Γκιστόβα) на 2.350 м. Други убави езера се среќаваат во подрачјето на Голем Човек. Сместени се меѓу букови шуми, на височина од околу 1.700 м до нив може да се дојде со автомобил.

Планинските ливади се користат за напасување на големи стада овци. Во околината има високи борови и елови дрвја, со разлистени букови шуми во летниот период и црвеникава боја на лисјата наесен. Планината е богат со животински и растителен свет,, вклучувајќи 486 вида растенија околу 20 вида цицачи, меѓу кои кафеавата мечка, дивата коза, лисицата, волкот, дивата свиња, срната и др. Од птиците се среќаваат златниот орел, соколот, еребицата и др. Шумите се состојат претежно од бука, црн бор, ела и даб.

Општи особености

уреди
 
Поглед на Грамошта од с. Пеликат

Грамошта е четвртата по височина планина во Егејска Македонија и цела Грција, по Олимп, Смолика и Ниџе. Претставува најсеверен огранок на планинскиот масив Пинд и по него минува границата меѓу областите Македонија на исток и Епир на запад и југ. На исток, во долината на реката Бистрица е сместена општината Нестрам од областа Западна Македонија. На јужното подножје на планината, во долината на Коница (Сарандопоро) се наоѓа општината Коница во Епир. На запад и север се окрузите Колоња и Девол во Албанија.

Воена историја

уреди

До 1912 г., Грамошта ја образувала југозападната граница на етничка Македонија - селата во планината се влашки, а на североисточното подножје — македонски. На 24-29 август 1949 г. на планината се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ) со огромен број Македонци и со тоа е ставен крај на Граѓанска војна на штета на македонското население.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди