Коничка Река

река во Грција и Албанија

Коничка Река[1] (грчки: Σαραντάπορος, Сарандапорос) — река во денешна југозападна Грција и јужна Албанија. Претставува десна притока на реката Војуша, која се влева во Јадранско Море. Долга е 50 км, од кои последните 10 км ја образуваат границата меѓу Грција и Албанија.

Коничка Река
Коничка Река кај Присојани, Јанинско
Изворно имеΣαραντάπορος  (грчки)
Местоположба
ЗемјиАлбанија и Грција
Физички особености
Извор 
 • местоПинд, Егејска Македонија
Устие 
 • место
Војуша
 • координати
40°4′18″N 20°35′17″E / 40.07167° СГШ; 20.58806° ИГД / 40.07167; 20.58806
Должина50 км
Големина на сливот870 км2
Проток 
 • просечен6,93 м3
Особености на сливот
ТечениеВојушаЈадранско Море

Извира помеѓу планините Грамошта и Горуша, во Костурскиот округ, Егејска Македонија. Тече низ подрачјето околу Борботско и околината во Нестрамско, Егејска Македонија, па продолжува низ Мајсторско и Коница во Епир. Преминувајќи ја државната граница, минува низ општините Центар Лесковик во областа Горица (Корча) и Кршово во областа Ѓирокастро, Албанија. На крајот се влева во Војуша на самата граница. Сливот зафаќа површина од 870 км2, а реката има просечен годишен истек од 6,93 м3.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди