Горно Власи
Горно Власи (грчки: Εσώβαλτα, Есовалта; до 1926 г. Έσω Βλάχ, Есо Влах[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 862 жители (2011). До 1930-тите било населено само со Македонци, а денес е половина македонско, а половина влашко.[3]
Горно Власи Εσώβαλτα | |
---|---|
Координати: 40°42.26′N 22°15.50′E / 40.70433° СГШ; 22.25833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Пласничево |
Надм. вис. | 20 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 862 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во источниот дел на Солунското Поле, 5 км северозападно од Пласничево и 20 км југоападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Горно Власи било село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година в Горно и Долно Власи живееле 330 Македонци и 40 Роми.[4][5] Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија.
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
„ | На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи. На 14.02 го нападнав селото Власи, и како последица убиени се 3 македонски селани[6] и еден комита.[7] | “ |
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 88 жители, кои во 1920 г. биле 219.[3] Во 1926 г. името му е променето во Есовалта. Во 1928 г. Горно Власи имало 239 жители, сите Македонци.[3]
По исцедувањето на блатното Ениџевардарско Езеро крај селото во 1935 г. се отвориле големи обработливи површини, и тука се населиле голем број влашки семејства. Така селото станало мешано, со 1940 г. 478 жители. За време на Граѓанската војна овде се доселиле уште влашки семејства од Голема Ливада, поради што во 1951 г. селото нараснало на 682 жители.[3] Населението продолжило да расте во понатамошните десетлетија, достигајќи 989 лица во 2000 г. Сепак, во текот на следното десетлетие селото се намалило на 862 лица.[3]
Личности
уреди- Антониос Астерјос (р. 1952) — политичар од партијата Нова демократија
- Кољо Крстев (1882 – ?) — борец во Балканските војни, роден во Горно или Долно Власи[8]
- Христос Ѕиѕимикас (р. 1963) — музичар
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 478 | 682 | 847 | 913 | 985 | 988 | 989 | 862 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото има многу развиено земјоделство бидејќи лежи во поле и земјиштето целосно се наводнува. Се произведуваат големи количества овошје (праски и јаболки), памук и жито. Доста развиено е и сточарството, со многу крави и овци.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έσω Βλάχ - Εσώβαλτα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67–68.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 146.
- ↑ нарекувајќи ги „бугарски“
- ↑ Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92–93.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 387.