Горгула
Горгула или Јоргула (грчки: Γεωργουλά, Георгула) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Горгула Γεωργουλά | |
---|---|
Координати: 40°55′N 23°34′E / 40.917° СГШ; 23.567° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Сер |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Нигрита |
Надм. вис. | 25 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во Серското Поле, на 1 км јужно од селото Бајрактар и 5 км североисточно од гратчето Нигрита.[1]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Горгула било мешано чифлигарско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Гургула (Gurgula) имало 27 домаќинства со 6 жители муслимани и 80 жители Грци.[2]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Георгула, село на еден час североисточно од Нигрита; тука се и споменатите минерални води. Георгула е чифлик на Н. Михаил, кој го подарил на опшствените установи, училиште и болница во градот.[3] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Горгула имало 230 жители, од кои 150 Роми, 60 Македонци и 20 Турци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горгула имало 184 Македонци.[1]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна Горгула е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 11 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 9.[1]
Во согласност со Лозанскиот договор, грчките власти населиле бегалски семејства со вкупно 11 бегалци од Мала Азија, поради што во пописот од 1928 г. населението броело 21 жител, од кои 19 мажи. Во пописот од 1940 г. селото имало 9 жители, а подоцна во текот на Втората светска војна било целосно напуштено и избришано од евиденција.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 232.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 845.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.