Раечка Котлина

котлина и област во Македонија

Раечка Котлина или Тројачка Котлина, позната и само како Раецкотлина и историско-географска област во јужна централна Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бабуна на север и Дрен на југ. Низ неа води патот кој ги поврзува централните делови на земјата со југозападните. Котлината е долга околу 10 км, а широка 5 км и има облик налик на банана. Низ котлината протекува Раечка Река, која ги собира водите на неколку други помали притоки.

Раечка Котлина is located in Македонија
Местоположба на Раечката Котлина во Македонија

Во областа се наоѓаат селата: Дреново, Раец, Голем Радобил, Мал Радобил, Царевиќ, Топлица, Тројаци и Беловодица. Овие села не се наоѓаат во рамничарскиот дел, туку тие се под височините и затскриени во шумските комплекси. Така, рамничарскиот простор изгледа пуст.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди

Координати: 41°21′35″N 21°44′20″E / 41.35972° СГШ; 21.73889° ИГД / 41.35972; 21.73889