Црква „Св. Никола“ - Голем Радобил

црква во селото Голем Радобил

Свети Никола — главна селска црква во селото Голем Радобил.[1] Сместена е на околу стотина метри од влезот на селото.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°22′41.7″N 21°48′20.6″E / 41.378250° СГШ; 21.805722° ИГД / 41.378250; 21.805722
Место Голем Радобил
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1870
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1870 година.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на источната страна. На западната страна има отворен трем кој бил изграден во време на подигање на храмот.<ref name="oldprilep">Главниот влез се наоѓа на западната страна. Во средишниот дел од западниот ѕид над тремот има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Спореден влез има на северната страна и над него има ниша со фреска на патрониот светец. Објектот е изграден од бигор и е покриен со кров од ќерамиди. Црквата е зографисана.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а камбанаријата се издига над влезната порта. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален лимен кров.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Црква „Свети Никола“, село Големо Радобил“. OldPrilep. 28 февруари 2013.

Надворешни врски

уреди