Гимназија „Св. Климент Охридски“ - Охрид
ОСУ „Св. Климент Охридски“ — гимназија во градот Охрид.[2] Воспитно-образовната дејност на УСО „Св. Климент Охридски“ се одвива во две згради и тоа во старата зграда, односно гимназијата, и новоизградената, позната како економско училиште. Тие се сместени во средиштето на градот.
ОСУ „Св. Климент Охридски“ | |
Постарата гимназиска зграда во 2008 година | |
Место | |
Општина: | Охрид |
Место: | Охрид |
Адреса: | улица ”Димитар Влахов бр”.71 |
Основни информации | |
Основано: | 1926 |
Директор: | Светлана Велкоска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | https://gimnazijaohrid.edu.m |
Зграда на гимназијата при УСО „Св. Климент Охридски“ | |
---|---|
Општи податоци | |
Координати | 41°6′45.7″N 20°48′27.5″E / 41.112694° СГШ; 20.807639° ИГД |
Почната | 1908 или 1912 |
Завршена | мај 1927 |
Нарачател | Ејуб Сабри-бег |
Технички податоци | |
Подна површина | 5403 м2[1] |
Основање и развој
уредиИзградба на зградата
уредиАрхивските материјали говорат дека сегашната гимназиска зграда е изградена во 1908 год, а според други архивски извори, 1912 година. Сакајќи да ја осовремени унапреди наставата и образованието во Охрид, младотурскиот првак Ејуб Сабри-бег, капетан во османлиската армија, со помош на охридската интелигенција ја започнал изградбата на сегашната гимназиска зграда според француски проект во неокласицистички стил. Во тоа време оваа градба била мошне интересна, бидејќи во почетокот на ХХ век и не постоел друг таков величествна зграда во Охрид и околината.[3]
Уште во почетокот, Ејуб Сабри-бег се определил оваа зграда да биде наменета за средно образование. Градбата на гимназијата (Идадија) започнала по исушувањето на блатото кое тука се наоѓало. Балканските војни го попречиле нејзиното завршување, за конечно во 1926 година да биде сторено интензивното довршување на зградата.[3] Но за кратко време започнатите работи биле прекинати. Во врска со оваа доградба, дел од Охриѓаните кои биле огорчени, бидејќи нивните деца се образувале во многу лоши услови, на 7 октомври 1926 година со писмо се обратиле кон кралот Александар I. Па така, во мај 1927, конечно зградата била довршена и можела безбедно да биде користена за изведување на настава. Поради тоа што кралот Александар I го овозможил доградувањето на гимназијата, било предложено гимназијата да го носи името Гимназија „Н(егово). В(еличество). Крал Александар I“ (српски: Гимназија „Њ(егово). В(еличанство). Краља Александра I“). Конечно на 1 април 1928 година, било извршено свечено предавање на зградата за настава.[4]
Почетоци во установата
уредиТака, во првите години по Првата светска војна, училиштето го носело името „Српска кралевска гимназија“ (српски: Српска краљевска гимназија).[4]
Според зачуваните извештаи може да биде дознаено дека во 1918 според објавениот конкурс во I клас биле пријавени 19 ученици, во II клас 8,во III клас 13 и во IV клас 2 ученика. Поради немање доволно услови, наставата која започнала на 17 декември, учениците имале една училница во која работеле и ги слушале основните предмети заедно сите четири класа. Бројот на предмети што биле предавани во скоро сите четири класа бил 14 и тоа: веронаука, српски и француски јазик, историја, географија, биологија, математика, убаво пишување, пеење, хигиена и др.[4]
Во 1919 година е создаден фонд за сиромашни ученици. За таа цел, бил изработен Правилник за начинот на работа на Фондот и тој броел 36 члена.[4]
Во гимназијата, уште во учебната 1920/21 година, било основано книжевносто друштво „Свети Климент“, кое организирало 3 приредби и концерти на кои биле прикажани скечевите: „Љубовно писмо“ , „Кир Јања“ и „Лага и пралага“.[4]
Во текот на 1922/23 година Охридската гимназија прераснала во полна Гимназија со класови до VIII одделение. Бројот на ученици во гимназијата постојано растел, така на пример во учебната 1922/23 имало 352 ученици, со 16 наставника, а во 1926/27 биле 476 ученици.[4]
Од 1925 година, името на установата било сменето во Државна гимназија.[4]
Летото 1926 година бил основан и ученичкиот интернат при гимназијата во Охрид, од страна на неколку наставници во гимназијата и неколку учители од основните училишта во Охрид, со цел да им биде помогнато на сиромашните ученици и да биде овозможено школување на деца од пошироката охридска околија.
Од крајот на декември 1927 година, името повторно било сменето како Гимназија „Н. В. Крал Александар I“.
Интернатот две години бил сместен во една стара приватна куќа. Есента 1928 година гимназијата и интернатот, заедно, се преселиле во својата нова зграда-денешната зграда. Било работено по правилник пропишан од тогашното Министерство за просвета, а биле и од Банската управа во Скопје. Со гимназијата и интернатот управувал директорот Петар Тодороски. Интернатот бил сместен во поткровниот дел на зградата, а просториите над него, во испуштените делови на тој потпокров, биле наменети за обавување на материјалното и финансиското работење на интернатот.Покрај директорот како претседател во него членувале: претседателот на Општината, Никола Чакарески; учителот Ѓорѓе Ставриќ и гимназискиот наставник Зоран Булиќ.
1930ти и Втора светска војна
уредиВо 1931 година, училиштето почнало да го носи името Државна реална гимназија „Н.В. Крал Александар I“.[4]
Во учебната 1935/36 година, охридската гимназија прераснала во полна гимназија, бидејќи за прв пат есента биле запишани ученици и во V клас. Како таква, без прекин работела до учебната 1940/41 година.[4]
Во 1937 година, двата потпокривни ката ги зафатил пожар и зградата ја изгубила вистинската архитектонска вредност. Пожарот кој го опфатил мансардниот покрив, велено е дека избил на 22 февруари 1937 година. И покрај сите обиди на населението, војската и пожарната чета, масанрдата наполно изгорела.[3]
Гимназијата, како образование во тоа време, била продолжение на тогаш 4 годишното основно образоние па така не се случајни називите: V, VI, VII и VIII клас гимназија. Биле запишувани по две паралелки и тоа со приемен испит (српски јазик и математика). По извесно време, напоредно со Гимназијата, интернатот и Учителската школа биле под бугарска управа. Наставата била на бугарски јазик (застапен и како предмет), а бил изучуван и предметот веронаука. Еден од неговите предавачи бил г-динот Бранко Ковачески кој по ослободувањето станал и директор на гимназијата.[1]
По Втората светска војна
уредиПо Војната, гимназијата продолжила со нормална работа и со настава, за првпат, на македонски јазик. Од тие причини генерацијата матуранти 1945/1946 година, во нашата архива се забележана како прва генерација матуранти-ученици во гимназијата „Св.Климент Охридски“. Тогашни професори биле: Лазоски Ристо - македонски јазик и историја; Евтимов Бојан - руски јазик и филозофија; Манчев Сисоја - француски и латински јазик; Стефаноски Јонче - географија; Хаџиева Елена - биологија; Куљан Спасе - математика (подоцна министер за образование); Срмобожова Емилија - физика и хемија; Владимиров Димитар - физичко образование.[1]
Битна преобразба настанала во 1949 година кога бил поставен концептот за 8 годишно основно образование т.е. кога за првпат IV-то одделенците преминувале во V оддление. Гимназијата пак е средно образование, но по завршено 8 годишно основно училиште.[1]
21 век
уредиДо 1 јули 2005 година, училиштето ја вршело воспитно-образовната дејност како Државно средно училиште (ДСУ). По овој датум, основачките права од државата ги презела Општина Охрид, така што училиштето до ден денес функционира како општинско средно училиште.[1]
Во 2006 година, со грант на Светската банка и логистика на локалната самоуправа, било планирано да биде извршена реконструкција на постарата зграда.[3]
Во една од учебните години во периодот доцни 2000-рани 2010ти, во гимназиското образование функционирале 32 паралелеки, а во стручното образование 16 паралелеки од економско-правна и трговска струка - за профилот економски техничар, 3 паралелки од здравствена струка со вкупно 1564 ученици.[1]
Поранешни имиња
уреди- Српска кралевска гимназија (1921-1925)
- Државна гимназија (1925-1927)
- Гимназија „Н. В. Крал Александар I“ (1927-1931)
- Државна реална гимназија „Н. В. Крал Александар I“
Директори
уреди- Петар Тодороски
- Бранко Ковачески
Настава
уредиИзборни предмети за II година
уредиИзборни предмети за III година
уредиПриродно-математичко подрачје - Комбинација А
уредиПриродно-математичко подрачје - Комбинација Б
уредиЈазично-уметничко подрачје - Комбинација А
уреди- Трет странски јазик (француски, германски, англиски)
- Класични јазици (латински, старогрчки)
- Педагогија
- Психологија
- Компаративна книжевност
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација Б
уредиОпштествено-хуманистичко подрачје - Комбинација А
уредиОпштествено-хуманистичко подрачје - Комбинација Б
уредиОсвоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уредиОд учениците кои завршиле во периодот од 1919 до 1944 се одделуваат:
- Димче Коцо - академик и професор доктор по историја на уметноста[4]
- Борис Чипан - дипломиран инженер и универзитетски професор по архитектура[4]
- Петар Серафимовски - академик и професор по градежни науки[4]
- Александра Волканоска - професор доктор по медицински науки[4]
- Димитар Битрак - професор доктор по математички науки[4]
- Ристо Групче - професор доктор по технички науки[4]
- Аcен Групче - професор доктор по правни науки[4]
- Ристо Коцарев - професор доктор по математички науки[4]
- Вангел Коџоман – ликовен уметник, универзитетски професор[4]
- Ставре Филипче - член на Врховниот суд на Македонија[4]
- Петре Пирузе – првоборец и министер за правда во првата Влада на Македонија во 1945 година[4]
Останати истакнати лица:
Познати личности кои предавале во ова училиште
уредиГалерија
уреди-
Гимназијата навечер.
-
Гимназијата навечер.
-
Гимназијата навечер.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „За гимназијата“. ОСУ „Климент Охридски“ - Охрид. Архивирано од изворникот на 1 мај 2011. Посетено на 19 мај 2024.
- ↑ Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Борис Јурмовски (13 октомври 2020). „Гимназијата „Св. Климент Охридски" некогаш и денес“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2020. Посетено на 19 мај 2024.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 „Историјат“. ОСУ „Климент Охридски“ - Охрид. Архивирано од изворникот на 9 декември 2017. Посетено на 19 мај 2024.
Надворешни врски
уреди„Гимназија „Св. Климент Охридски“ - Охрид“ на Ризницата ? |