Борис Чипан
Борис Чипан (Охрид, 27 март 1918 - Скопје, 31 март 2012) бил еден од најголемите македонски архитекти, поранешен редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Борис Чипан | |
---|---|
Роден(а) | 27 март 1918 Охрид |
Починал(а) | 31 март 2012 Скопје |
Националност | Македонец |
Зданија | Судските палати во Штип, Велес и Битола МАНУ |
Животопис
уредиЧипан е роден во Охрид на 27 март 1918 година. Во триесеттите години на XX век тој заминува на школување во средно школо во Белград благодарение на стипендија добиена од еден генерал од Охрид, кој очекувал неговите стипендисти да станат офицери на кралската војска. Чипан по матурирањето се пријавил во Воената академија, но не бил примен. Потоа се запишал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград, каде во 1941 година дипломирал. Покрај со педагошката дејност кога предавал проектирање и општествени згради се занимавал и со конзервација на градителскот наследство кога бил и прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, со архитектонско проектирање и со публицистика. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. На полето на конзервацијата позначајни реализации му се: црквите „Св. Софија“ во Охрид, „Св. Наум“, „Св. Пантелејмон“ во Нерези и др. Од областа на архитектонското проектирање позначајни објекти се: судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје (1976); Фабриката за фротир во Делчево (1959); поголем број на поединечни семејни куќи во Охрид. Се занимава со научноистражувачка работа. Чипан е вториот носител на наградата „Андреја Дамјанов“ која ја добил во 1990 година[1].Починал во Скопје на 31 март 2012 година.[2]
Библиографија
уреди- Старата градска архитектура во Охрид (II издание), Скопје 1955;
- Македонските градови во XIX век, Скопје 1978;
- 111 тези за архитектурата, Скопје 1986;
- Света Софија, Катедрален храм на Охридската архиепископија, Скопје 1996;
- Текстови за архитектурата, 1998;
- Долни Сарај, епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег, Охрид 2001;
- Моето време во Македонската архитектура, Скопје 2008;
Наводи
уреди- К. Грчев, Архитектот Борис Чипан, во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на XX век, Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 113–122.
- ↑ „Дваесет години награда "Андреја Дамјанов" - архитект Борис Чипан“. еПорта. Посетено на 2009-12-27.
- ↑ „Почина архитектот Борис Чипан“. Утрински Весник. 31 март 2012, 11:38. Посетено на 2012-04-01. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)