Географија на Русија

60°N 100°E / 60°N 100°E / 60; 100

Физичка карта на Русија

Русија е земја која се простира на огромни пространства од Источна Европа и Азија[1].

Граници

уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 17,098,246 км2[2], и според тоа се наоѓа на 1. место по големина во светот. Околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави.

Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска Област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северноледен и Тихи Океан. Русија исто така има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.

Главниот град Москва е најголемиот во државата со околу 13.010.112 жители[3].

Население

уреди

Според пописот, вкупното население на Русија е околу 146,150,789 жители[4], вклучувајќи го и Крим.[5] Густината на населеноста е 8.3 км2 жители на квадратен километар.

Клима

уреди

На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Каспиското Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релјефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со низини. Најголема е Источноевропската Низина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1.895 м). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската Низина, Средносибирската Висорамнина и Централнојакутската Низина.

Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и најголемата точка во Русија, планината Елбрус висока 5.642 м, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха со 4.506 м, Западен и Источен Саја.

Климата во Русија е континентална, во северните делови умерено континентална, а на Далечниот Исток умерена. Во јужните делови е топла. Средните температури во јануари се од 0 до -5°С во европскиот дел, до -40 С и -50° С во Јакутија. Во јули температурите се од 5 С во Северен Сибир до 24-25°С во Прикасписката Низина.

Врнежи- до 2000 мм во Алтај и Северен Кавказ, до 1000 мм во Далечниот Исток, 700 мм во европските рамнини. Најголемите реки во Русија се Северна Двина, Печора, Енисеј, Лена, Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубањ, Нева и други. Најголеми езера во Русија се Каспиското, Бајкал и Ладога.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Russia“. National Geographic Kids. 21 March 2014. Архивирано од изворникот 8 April 2022. Посетено на 26 May 2021.
  2. „World Statistics Pocketbook 2016 edition“ (PDF). United Nations Department of Economic and Social Affairs. Statistics Division. Архивирано (PDF) од изворникот 4 August 2019. Посетено на 24 April 2018.
  3. „Оценка численности постоянного населения по субъектам Российской Федерации“. Federal State Statistics Service. Архивирано од изворникот 1 September 2022. Посетено на 1 September 2022.
  4. Including 2,470,873 people living on the annexed Crimean Peninsula
  5. Оценка численности постоянного населения на 1 января 2024 г. и в среднем за 2023 г. и компоненты её изменения [Estimates of the resident population as of January 1, 2024 and averaged over 2023 and the components of change] (XLSX). Russian Federal State Statistics Service (руски). Архивирано од изворникот 6 April 2024. Посетено на 22 June 2024.