Кубањ (река)
Кубањ (руски: Кубань; черкески: Псыжъ или Псыжь; абазински: Къвбина; карачајско-балкарски: Къобан; ногајски: Кобан) — река во Русија која тече низ Западен Кавказ и се влева во Азовското Море. Минува претежно низ Краснодарски крај (660 км), но тече и низ републиката Карачаево-Черкесија, Ставрополскиот крај и републиката Адигеја.
Кубањ | |
---|---|
Кубањ во Краснодар | |
Изворно име | Кубань (руски) |
Местоположба | |
Место | Источна Европа |
Земја | Русија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Главен Кавкаски Венец Русија |
• надм. вис. | 3.400 м |
Устие | Азовско Море |
• координати | 45°20′N 37°24′E / 45.333° СГШ; 37.400° ИГД |
• надм. вис. | 0 |
Должина | 870 км |
Големина на сливот | 57.900 км2 |
Проток | |
• просечен | 425 м3/с (најголем кај Краснодар) |
Особености на сливот | |
Притоки | |
• леви | Уруп, Лаба, Белаја |
Реката тече 870 км северно и западно од нејзиниот извор кај планината Елбрус во Кавкаските Планини, за на крај да стаса со Темрјучкиот Залив во Азовското Море. Пловна е сè до Краснодар. Поважни градови во поречието се Карачаевск, Черкеск, Невиномиск, Армавир, Новокубанск, Кропоткин, Уст Лабинск, Краснодар и Темрјук. И покрај името што го носи, градот Славјанск на Кубањ не лежи на оваа река, туку на нејзината растока Протока.
Географија и хидрологија
уредиРеката извира од паднините на плнината Елбрус и се образува од спојот на реките Улукам и Учкулам; од изворот на Улукам до делтата, водотекот се движи 906 км. Од изворот до Невиномиск реката тече низ длабока и тесна клисура, има многу слапови и брзо ја менува надморската височина. Кај Невиномиск има брана која го напојува Невиномискиот Канал. Во средишниот дел, до until the спојот со Голема Лаба, Кубањ тече низ широка рамна долина со терасести падини. Потоа свртува на запад и се разлева во плавно земјиште кое достигнува ширина од 4 км кај Уст Лабинск. Тука има голем свиок со многу плитари и брзаци. Под устието на Лаба реката се проширува со 20 км. Меѓу устијата на Лаба и Афипс се се простираат Адигејските Мочуришта на површина од 300 км2, а под Афипс се Закубанските Мочуришта на површина од 800 км2. На 116 км од устието Кубањ се спојува со големата притока Протока, долга 130 км. Близу устието Кубањ се стеснува на 3-4 км, а потоа образува делта со површина од 4.300 км2. Делтата има бројни лимани, од кои некои постепено се одвоиле од реката. Сè до XIX век Кубањ се влевал и во Црното и во Азовското Море, но подоцнежното издигање на земјиштето го насочичо водотекот само во Азовското.[1][2][3]
Во горното течение реката се напојува претежно од ледници и високогорски снег (49 %). Кај Краснодар овој удел се намалува на 32 %; истовремено уделот на подземните води се зголемува од 21 % на 32 %, и од 27 на 32 % од дождовница. Реката не замрзнува поради релативно благата клима и брзиот тек во горното течение. Кубањ се преплавува 6–7 годишно поради дождови и топењето на снегот, како на зима така и во лето. Водостојот порано се колебал за 5 м, највисок во јули и најнизок во февруари. Колебањата се намалени по изградбата на Невиномискиот Канал и акумулациите Чикское, Краснодар и Шапсуг. Тие обезбедуваат вода за рибникарството и оризовите полиња.[1][3]
Просечниот проток на Кубањ е најголем крај Краснодар со 425 м3/с. Порано бил поголем за 30 м3/с, но денес е намален поради изградба на акумулација. Просечниот проток кај Армавир е 163 м3/с, порано меѓу 0,95 и 1.160 м3/с пред полнењето на вештачкото Краснодарско Езеро во 1980-тите. Просечниот дотек во Азовското Море изнесува 12-13 км3 вода, 8 милиони тони нанос и 4 милиони тони растворени соли.[3]
Просечната матност е 682 г/м3. Соленоста на водата се зголемува кон делтата; обично се движи помеѓу 50 и 400 мг/л и на некои места знае да достигне 1000 мг/л. Сите поважни притоки на Кубањ се леви и извираат од Кавкаските Планини. Такви се Голем Зеленчук, Мал Зеленчук, Уруп, Лаба, Белаја и Пшиш.[1][2][3]
Ова се главните притоки на Кубањ, по редослед на течението:
Геолошка историја
уредиПред неколку десетици илјади години Азовското Море било многу поголемо и ја покривало делтата на Кубањ. Со нејзините наноси од мил, реката постепено ја обликувала делтата со бројни лимани и плитки устија. Кон ова придонеле и честите избуви на калливите вулкани. Денес има околу 25 калливи вулкани, од кои некои се сè уште активни.[3][4]
Човечка историја
уредиСтарите Грци реката ја нарекувале Хипанис.
По реката се наречени Кубањските Козаци кои го населиле нејзиниот слив во XVIII и XIX век. За време на руското освојување на Кавказ ова поречие лежело на Кавкаската линија.
Делтата на Кубањ е важна за производството на ориз во Русија. Развиен е и стопанскиот риболов, костреш, црвеноперка и плашица. Реката е пловна до Краснодар, каде ја напојува Краснодарската термоелектрана.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Река Кубањ, Голема советска енциклопедија (руски)
- ↑ 2,0 2,1 428: Kuban Архивирано на 5 октомври 2011., Freshwater Ecoregions of the World
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Кубањ — главна река на крајот (руски)
- ↑ V. I. Borisov and E. I. Kapitonov (1973). Sea of Azov. KKI. Архивирано од изворникот на 17 септември 2010. Посетено на 19 јули 2010.
Надворешни врски
уреди- Кубањ (река) на Ризницата ?
- Особености на реката Кубањ (руски)
- Кубањ (река) — Голема руска енциклопедија (руски)