Спортска сала Билјанини Извори

Спортска сала Билјанини Извори — една од најголемите мултифункционални спортски сали во Македонија. Салата била отворена во август 1998 година со ракометниот турнир Трофеј Македонија, а има сместивост од 3,000 гледачи. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008.[2]

Спортска сала
„Билјанини Извори“
Надворешен изглед на салата
Надворешен изглед на салата

Место Охрид, Македонија
Отворен 1998
Сопственик Општина Охрид
Игра РК Охрид
КК АМАК СП
Гледачи 3,000[1]

Поважни настани одржани во салата

уреди

Спортски комплекс “Билјанини извори“

уреди

Салата е дел од спортскиот комплекс Билјанини извори во чиј состав се наоѓаат и стадионот Билјанини извори, атлетска патека и помошни игралишта за фудбал. Овој комплекс се користи како тренинг камп на Македонската фудбалска репрезентација. Исто така овој терен го користат и спортски клубови од Македонија и соседните држави за подготовки и тренинзи.[3]

Извори

уреди
  1. http://www.ehf-euro.com/Biljanini-Izvori.859.0.html%7CСала Билјанини извори - ЕХФ
  2. http://www.ehf-euro.com/Women-s-EURO-2008.915.0.html%7C Европско првенство во ракомет за жени 2008
  3. http://www.biljaniniizvori.mk/%7C[мртва врска] ЈП Билјанини извори

Координати:   42°0′20.64″N, 21°25′32.13″E