Војводина (село)

село во Кајларско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Војводина (Кожанско))

Војводина (грчки: Σπηλιά, Спилија; до 1927 г. Βοεβοδίνα, Воеводина,[2] турски: Oyvodina, Ојводина) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Има 69 жители (2011), а атарот зафаќа површина од 25 км2.[3]

Војводина
Δισπηλιό
Војводина is located in Грција
Војводина
Војводина
Местоположба во областа
Војводина во рамките на Еордеја (општина)
Војводина
Местоположба на Војводина во Кожанскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°29′N 21°48′E / 40.483° СГШ; 21.800° ИГД / 40.483; 21.800
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаЕордеја
Општ. единицаСвета Петка
Надм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно69
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50200
Повик. бр.+30 24630

Географија

уреди

Селото е сместено во областа Сариѓол, 15 км источно од градот Кајлари, во подножјето на планината Каракамен.

Историја

уреди

Кај Војводина е откриена древномакедонска гробница (наречена Војводинска гробница), слична на Кралските гробници во Кутлеш.[4] Низ ова подрачје минува познатиот римски пат Вија Егнација.

Во Отоманското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Војводина бил турски чифлик. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Војводино (Voïvodino) било село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и 30 машки жители муслимани.[5]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Војводина:

На југ одовде [Козлуќој] лежи муслиманското село Војводина со 28 куќи и 62 нуфузи, од кои се зема 3100 пијастри данок. Во селото има 1 џамија и неколку извори.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Војводина имала 250 жители Турци.[7]

Според грчка статистика од 1904 г. во Војводина живееле 250 Турци.[8]

Потпаѓање под Грција

уреди

Во Првата балканска војна селото го зазела грчката војска, а по Втората балканска војна Војводина конечно била припоена кон Грција, кога се заведен 381 жител.[3] Во 1924 г. е иселено турското население, а на негово место се доведени грчки бегалци од Мала Азија согласно Лозанскиот договор. Во 1928 г. селото е заведено како наполно грчко, со 86 доселенички семејства од вкупно 332 лица.[9] Во 1927 г. му е дадено новото име Спилија.[10]

Демографија

уреди

Во следниот период бројот населението останал устојчив, така што во 1940 г. имало 394 лица, а во 1951 и 1961 г. селото имало 347 односно 375 жители. Населението во овој период почнало да се намалува поради релативната неплодност на почвата и иселувањето во градот Кајлари, кој доживеал подем благодарение на термоцентралите и фабриката за вештачки ѓубрива.[3] Така, во 1971 г. селото се намалило на 188 жители, во 1981 г. на 133, а во 1991 г. на 114 лица.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 394 374 375 188 133 114 134 69
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Во селото Војводина претежно се одгледуваат житото, компирите и грозјето, а делумно е развиено и сточарството поради широките тревни предели.[3]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βοεβοδίνα - Σπηλιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 294.
  4. History of the Macedonian tombs of Eordaia (Prefecture of Kozani): Spilia[мртва врска]
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с.98-99.
  6. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 164.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.
  8. Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.