Волкојанево

(Пренасочено од Волкојаново)

Волкојанево или Волкојаново[2] (грчки: Λύκοι, Лики, до 1926 г. Βουλκογιάννοβον, Волкојановон[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 65 жители (2011).

Волкојанево
Λύκοι
Волкојанево is located in Грција
Волкојанево
Волкојанево
Местоположба во областа
Волкојанево во рамките на Воден (општина)
Волкојанево
Местоположба на Волкојанево во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.36′N 21°59.76′E / 40.83933° СГШ; 21.99600° ИГД / 40.83933; 21.99600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно65
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа 7 км северозападно од градот Воден, на падините на планината Ниџе.

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

На крајот на XIX век Волкојанево било чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 г. се вели дека во 1873 г. во Волкојаново (Volcoyanovo) има 36 куќи со вкупно 204 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година в селото живеят 300 жители Македонци.[4][6] Во овој период селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Волкојанево (Volkoyanovo) има 264 Македонци[4] и работи бугарско училиште.[7]

Потпаѓање под грчка власт

уреди

Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава. Во 1924 г.[8] Дел од македонското население се иселува и на негово место се населени Грци бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Лики.[9] Во 1928 г. Волкојанево е заведено како село со 228 жители[8] и мешано население. Од овие, 96 жители (23 семејства) биле грчки доселеници-бегалци.[10] Во 1940 г. селото имало 217 жители, што се должи на иселување на некои од дојдените бегалци[8]

Во Граѓанската војна

уреди

За време на Втората светска војна селото го окупираат Бугарите и основаат своја општина.[11]

За време на Граѓанската војна, селото било иселено, а многу од неговите македонски жители активно учествувале во НОФ и ДАГ.[8] По војната, дел од раселените семејства се вратиле и селото обило обновено. Во подоцнежниот период, Волкојанево бележи намалување на населението поради иселување на извесни семејства во Воден.[8]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 217 114 128 63 74 75 64 65
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Почеп и Самар.

Стопанство

уреди

Главна стопанска гранка во селото е сточарството, но развиено е и земјоделството, особено одгледувањето на цреши.[8]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. алтернативно: В’лкојаново или В’лкојанево
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βουλκογιάννοβον - Λύκοι
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.
  9. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. Мичев, Добрин. „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“