Водовратски Пат (Водоврати)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Водовратски Пат“
| |
Местоположба | 41°35′19″N 21°54′10″E / 41.58861° СГШ; 21.90278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Водоврати |
Општина | Градско |
Тип |
|
Период | бронзено време |
железно време | |
Портал „Археологија“ |
Водовратски Пат — археолошко наоѓалиште во велешкото село Водоврати, Општина Градско. Претставува некропола од преминот на бронзеното во железното време.
На 4,5 км од Градско и 2,5 км од селото Водоврати, на самиот пат Градско - Водоврати се утврдени остатоци од растурени гробни конструкции - цисти од камени плочи. Во 1954 и 1992 г. се вршени археолошки ископувања при што биле откриени 24 гроба од XIII-XII век п.н.е. Погребувањата се со закопи во згрчена положба, во конструкции од обични јами или цисти од плочи. Гробовите се поставени во правец запад исток и организирани во редови по линијата север-југ.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.